Русија: Три лица загинаа, а два воени авиони се оштетени во украински напад

Три лица загинаа, а два воени авиони се оштетени во украинскиот напад – соопшти руското Министерство за одбрана .

Две воздушни бази во региони далеку од руско-украинската граница биле цел на беспилотни летала, соопшти Москва.

Украински напад со беспилотно летало врз две руски воздушни бази во регионите Рјазан и Саратов резултираше со смрт на тројца воени лица и мала штета на два авиони, објави во руското Министерство за одбрана.

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

– Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се нагласува во соопштението.

За брзо возење на територија на СВР Битола санкционирани 87 возачи

Вкупно 87 возачи се казнети при засилената акциска контрола за санкционирање на лица кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната што денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот беше спреведена на територијата на СВР Битола. 

Од нив, како што информира МВР, 59 ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови же продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје

Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари, се наведува во денешното соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

притисни ентер