Русија повторно им пушти нафта на Унгарија, Чешка и Словачка

Рускиот државен монопол Транснефт го рестартира протокот на нафта низ јужниот крак на гасоводот Дружба, објави новинската агенција РИА, цитирајќи го помошникот претседател на Транснефт, Игор Дјомин.

„Пумпите работат - тие беа вклучени во 16:00 часот“ (13:00 часот по Гринич,), рече Дјомин, а пренесува РИА.

Унгарскиот МОЛ денеска соопшти дека ја платил транзитната такса за користење на украинскиот дел од гасоводот, прогласувајќи го за „брзо решение“. Во соопштението на МОЛ се наведува дека прекинот настанал „поради технички проблеми што настанале со банките“.

Тој додава дека словачката подружница на МОЛ, Словнафт, исто така платила надомест за да овозможи континуирана испорака на руска нафта во Словачка.

Словачкиот министер за економија Ричард Сулик изјави дека плаќањето на Словнафт е решение за месец август, откако Western Bank одбиле да го процесираат плаќањето на транзитната такса што Украина ја наплаќа кон Русија.

Украина најави дека протокот на нафта низ нафтоводот Дружба ќе продолжи кога ќе ја добие исплатата, рече Сулик.

"Не би рекол дека се работи за политички контекст, бидејќи нема. Само имало техничка грешка или погрешна проценка. Вакви грешки се случуваат. Мојот украински колега и министер за енергетика ме увери дека ако стигнат парите , нафтата ќе протече денеска. Очекувам нафтата да протече во следните неколку часа“, рече тој.

Тој додаде дека проблемите со плаќањето се изненадувачки бидејќи Словачка смета дека увозот не е покриен со санкциите на ЕУ против Русија, па смета дека се дозволени и плаќања за транзит.

Транснефт вчера објави дека од 4 август Украина го прекинале транзитот на руска нафта во јужна Европа, бидејќи не добиле транзитни такси од Москва поради западните санкции. Руската компанија тврди дека на 22 јули му платила транзит на украинскиот оператор на гасоводот Укртранснафта за август, но дека парите биле вратени на 28 јули затоа што исплатата не била извршена.

„Газпромбанк“, која извршила уплата, објави дека парите се вратени поради ограничувањата на ЕУ. Суспензијата ги поттикна цените на нафтата, кои веќе почнаа да уриваат рекорди бидејќи руската инвазија на Украина ја зголеми загриженоста за потенцијалниот недостиг, особено во Европа, која е зависна од руските енергетски извори.

Денеска цените на нафтата паднаа по веста дека гасоводот Дружба ќе продолжи со работа, а исто така и поради очекувањата за послаба побарувачка.

Прекинот на протокот низ Украина ги погоди земјите, вклучувајќи ги Унгарија, Словачка и Чешката Република, кои имаат ограничена можност за увоз бидејќи немаат пристап до морето. Русија испорачува околу 250.000 барели нафта дневно преку нафтоводот Дружба до Унгарија, Словачка и Чешка.

Унгарски МОЛ и Унипетрол, контролирани од ПКН Орлен, се главните купувачи на нафта преку таа рута, додека руските Лукоил, Роснефт и Татнефт се главните добавувачи.

Русија веќе го намали протокот на гас за многу членки на ЕУ, наведувајќи ги проблемите во одржувањето на турбините на гасоводот Северен тек 1, како и санкциите против некои купувачи кои Москва ги смета за непријателски.

Штипската населба Кадидере доби ново игралиште

Спортско игралиште во штипската населбата Кадидере денеска беше пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван  Јорданов, директорите на јавните претпријатија и советници од Општината.

Целта е, како што вели Јорданов, да се поттикнат сите генерации да спортуваат и да бидат физички активни.

– Во населбата Кадидeре, на ул. „Личка“, одлучивме во изминатиов период да го направиме ова фудбалско игралиште со подлога со вештачка трева, затоа што затекнавме едно руинирано игралиште кое со години беше запоставено, уништено, неодржувано. Одлучивме да инвестираме затоа што имаше барање и потреба од околните жители, вели Јорданов.

Игралиштето претходно е изградено и уредено од штипска општествено – одговорна компанија, а денес беше модернизирано од истата компанија во соработка со Општина Штип. Освен уредување, игралиштето добива и целосно осветлување. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милони денари.

Ѓорчев на Конкордија самитот, обраќање од Џил Бајден и градоначалникот на Њујорк

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев присуствуваше на Конкордија самитот во Њујорк, како најголем спореден настан со Генералното Собрание на ОН.

Самитот го отвори градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, а се обратија првата дама на САД Џил Бајден и гувернерката на Њујорк Кејти Хохул.

Првата дама Џил Бајден во свието обраќање се осврна на прашањата за децата и младите, образованието, ХИВ позитивните, ранетите воени ветерани, бегалците и помошта за сиромашните, нагласувајќи дека САД и претседателот Џо Бајден остануваат ангажирани и посветени на овие теми.

Ѓорчев се сретна со Марк Грин, директор на Вудро Вилсон Центарот, кој претходно беше конгресмен од Висконсин и претседател на ИРИ.

На Конкордија самитот Ѓорчев оствари средба и со Линда Томас Гринфилд, амбасадор на САД во Обединетите нации (ОН), која во своето обраќање зборуваше за улогата на САД во светот и глобалните процеси.

Ѓорчев на средбите ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, нагласувајќи дека е важно Македонија да има свои пријатели и партнери во светот.

Конкордија самитот е најголем спореден настан за време на Генералното Собрание на ОН, а оваа година се обратија Тони Блер, Жозе Мануел Баросо, принцезата Ранија, Колинда Грабар Китаровиќ и други.

Програмски партнери на самитот се Стејт департментот, градот Њујорк, УНИЦЕФ, Гугл, Сименс, Волмарт, Мекдоналдс, Фејсбук, Мајкрософт и други.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кузеска: Парламентарното мнозинство е стабилно, Владата е фокусирана на кризата

 Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, изјави денеска портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска за МИА.

-Тоа се внатрепартиски работи, се изјасни вчера претседателот на партијата, јас не би го коментирала. Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на економската и енергетската криза, како и на скрининг процесот кој веќе тече, вели Кузеска повторувајќи го ставот на партијата по информациите за случувањата во нивниот коалициски партнер ДУИ.

Претходно денеска за информациите поврзани со ДУИ на прес-конференција одговори на новинарско прашање и министерот за надворешни работи Бујар Османи, потеницирајќи дека лажна вест е информацијата за негова смена и дека таа не заслужува никаков коментар.

Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.

Прашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

– ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните, додаде Османи.

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висат Ганиу, во отворено писмо побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаат лидерот на партијата Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство. За состојбите во партијата тие го обвинуваат Артан Груби.

притисни ентер