Русија планира до ноември да постигне имунитет на стадо

Русија планира да постигне 80-процентен имунитет на стадо од Ковид-19 до ноември, вели вицепремиерката Татјана Голикова, и покрај релативно бавната стапка на вакцинација.

Властите во јуни објавија дека Русија до есен нема да успее да вакцинира 60 проценти од населението од Ковид-19, како што било планирано, поради слабиот интерес за вакцинирање.

Но, Голикова на состанок на владата, предводен од претседателот Владимир Путин, рекла дека 33,6 милиони Руси, од вкупно 144 милиони жители, биле вакцинирани со најмалку една доза, додека 22,6 милиони примиле две дози, додавајќи дека стапките на вакцинација неодамна се двојно зголемени.

Ова е значително помал процент на население отколку во западните земји.

„Мораме да постигнеме имунитет на стадо од најмалку 80 проценти и планираме да ја исполниме таа задача со вакцинирање со барем една доза до 1 ноември 2021 година“, вели Голикова.

Ова значи дека повеќе од 115 милиони Руси треба да стекнат имунитет.

Поради третиот бран на коронавирус, дневниот биланс на жртви во Русија достигна рекордно ниво во последните неколку недели. Побарувачката за вакцинирање конечно почнала да се забрзува поради силните владини напори да се поттикне вакцинацијата.

Кремљ минатата недела објави дека недостатокот на вакцини минатиот месец во Русија е поврзан со зголемената побарувачка за вакцини и потешкотиите во складирањето на истите.

Русија во средата забележа 23.704 нови случаи на Ковид-19, вклучително и 3.254 случаи во Москва, со што официјалниот број на заразени е 6.030.240 од почетокот на пандемијата.

Владина работна група соопшти дека 783 лица починале од последици поврзани со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на 150.705, пишува Индекс.хр.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер