Русија одржа воена вежба на границата меѓу Полска и Литванија

Русија спроведе воени вежби во својата ексклава Калининград, која се наоѓа меѓу Полска и Литванија.

Руските ловци Су-27 симулирале непријателски воздушен напад врз Калининград.

Во вежбите учествувале повеќе од 10 екипажи на воените авиони Су-27, кои го „уништиле“ авионот на „симулираниот“ непријател, пренесува агенцијата Интерфакс.

Стојаноски: Власта ги остава пациентите без терапија

Власта ги остава пациентите без терапија и нема набавено лекови за три типови на канцер, затоа што го местат тендерот на фирма од Турција.

Во изминатиов период има ситуација која што е загрижувачка и која владата не ја администрира добро како и повеќе ситуации во повеќе сфери, а тоа е се работи за реакција од Здружението за ретки болести дека нема набавено, односно има отсуство на терапија за ретки болести, меѓу кои и за три типови на канцер, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Стојаноски посочи дека има отсуство на терапија затоа што Агенцијата за лекови доцни со тендерот, а доцни затоа што треба да го добие фирма од Турција која се регистрирала во Македонија во 2022 година и Здружението за ретки болести се плаши од паралелен увоз на лекови со кои ќе се внесуваат лекови кои нема да одговорат на потребите.

- Да беше тендер за РЕК или друга институција каде може да украдат пари досега 100 пати ќе беше распишан, но за пациентите од ретки болести нема тендер. Дури и кога се работи за здравјето на луѓето власта нема никаква светост и пред и над се им е профит од местени тендери, рече Стојаноски.

Тој истакна дека тендерот требаше да биде почнат на почетокот на годината и дека родители и членови на Здружението за ретки болести упатија апел и молат да се набават лекови за колоректален карцином и карцином на дојка.

Стојаноски потенцираше дека во јавноста е актуелен уште скандал од тежина 20 до 30 милиони евра во УЈП, кој власта се труди да го заташка.

- Можевме да ја видиме директорката и потпретседателка на СДСМ во емисија потврди дека се случил, но дека не се водела истрага со месеци. Додека не објави опозицијата никој од оваа држава не се јави да каже за скандалот. Директорката на УЈП не кажа до каде е постапката и дали има инволвирани од власта и дали поради вмешаност на функционери од СДСМ и ДУИ се заташкува скандалот, прашува Стојаноски.

Стојаноски исто така во врска со вчерашното однесување на Талат Џафери кој направи еклатантно прекршување и на Деловникот и на Кривичниот законик, ги заклучи вратите во Собранието кое е казниво со затвор.

- Дали Ковачевски го виде тоа и го осудува ваквото однесување или ќе каже дека вратата сама се заклучила? Вашето поведение не е смешно, не ниту трагично, туку е жалосно, изјави Стојаноски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Дојран доби детско игралиште во чест и сеќавање на донорката на органи Емилија Динева

Донаторите на органи, како нашата Емилија Динева, ќе останат засекогаш запаметени во поновата медицинска историја кај нас и нивните имиња ќе се споменуваат како синоним за добрина, хуманост и човекољубие.

По повод две години од смртта на Емилија Динева, чие донирано срце, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство продолжи физички да живее, пријателите, роднините, соседите и почитувачите на нејзиното дело, ја исполнија нејзината желба да биде опкружена со деца и со донации го изградија новото детско игралиште во Дојран за трајно зачувување на споменот на нивната драга сограѓанка.

– Донаторите на органи, како нашата Емилија Динева, ќе останат засекогаш запаметени во поновата медицинска историја кај нас и нивните имиња ќе се споменуваат како синоним за добрина, хуманост и човекољубие, истакна дојранскиот градоначалник, Анго Ангов, при пуштањето во употреба на новото детско игралиште.

Ангов се заблагодари за добрината која Динева ја остави зад себе и, како што рече „ветуваме дека твоето име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ"

Бретон: Рекордно ниво на инфлација во светот првпат од почетокот на векот

Порастот на инфлацијата е глобален и достигна рекордно ниво од почетокот на 21. век, предупреди еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал ЛЦИ (LCI).

– Првпат од почетокот на векот гледаме такво ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен, посилен во САД, отколку во Европа, истакна Бретон.

Како што тој додаде, последен пат слична инфлација имало пред 40 години, во 80-те години на минатиот век.

Еврокомесарот забележа оти инфлацијата почнала да се зголемува уште пред конфликтот во Украина.

– Пандемијата на коронавирусот, забрзувањето на економското закрепнување, цените на енергијата, суровините и ретките метали – како резултат на овие фактори, инфлацискиот тренд беше силен уште пред почетокот на украинскиот конфликт. Инфлацијата е особено распространета во САД и многу тешко е да се контролира, смета Бретон.

Еден од начините за ограничување, според него, е да се зголемат банкарските камати, што веќе се случува во САД.

Просечната годишна стапка на инфлација во светот веќе е 7,4 отсто, според францускиот портал Статиста (Statista). Но, во некои земји процентот на инфлација може да биде значително повисок, поради локални фактори. Вкупната стапка на инфлација во речиси 80 земји може да се движи од пет до 10 отсто во текот на годината, пишува Статиста.

притисни ентер