Русија од полноќ го приземјува авиосообраќајот

Русија од утре забранува „редовни и чартер летови“кон други земји и обратно, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Забраната стапува на сила денеска на полноќ во Москва, со исклучок на летовите со кои се враќаат Русите од странство во својата татковина, се вели во наредбата објавена на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин.

Русија пријави повеќе од 650 случаи на коронавирус, претежно во главниот град Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан, го предупреди претседателот Владимир Путин оваа недела дека вистинскиот број на случаи може да биде „значително поголем“ отколку што е соопштено.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и дека тие денови ќе им бидат платени.

Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што може да биде изложен на лица заразени со вирусот.

Владата одлучи да не наметне карантин како оној во соседна Кина и некои европски земји.

притисни ентер