Русија: Највисок број на нови случаи од почетокот на епидемијата

Во Русија денес се регистрирани 17.340 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од на новозаразени во еден ден од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа починале 283 лица со што вкупниот број на жртви порасна на 25.525, пренесе „ТАСС“.

Од почетокот на епидемијата се заразени повеќе од 1,48 милиони граѓани, а досега се излекувале 1,2 милиони.

Кина го постави своето знаме на Месечината (ВИДЕО)

Педесет години по САД, и Кина го поставија своето знаме на Месечината.

Кинеската национална вселенска агенција објави фотографии и видео на кои се гледа црвено знаме со пет sвездички поставено на површината на Месечината.

Знамето е снимено од камера на вселенската сонда Чанг 5 пред вчера да ја напушти Месечината и да се упати кон Земјата со примероци од карпи, пишува Би-Би-Си.

Првата земја што го постави своето знаме на Месечината во 1969 година беа САД. Подоцна, САД поставија уште пет свои знамиња за време на следните мисии до 1972 година.

Во 2012 година, НАСА објави дека сателитските снимки покажуваат дека петте американски знамиња сè уште стојат на Месечината, а експертите наведуваат дека тие најверојатно целосно исчезнале поради влијанието на сонцето.

Астронаутот Баз Олдрин изјави дека првото знаме е поставено премногу близу до лунарниот модул „Аполо“ и дека тој веројатно го разнел за време на полетувањето.

Медиумите објавија слика на кинеското знаме на Месечината за време на нивната прва мисија за слетување на нашиот сателит, Чанг 3. Ландерот и роверот Чанг 4 го снимиле кинеското знаме на темната страна на Месечината во 2019 година.

Меѓутоа, во двата случаи знамето било снимено од надворешната страна на леталото и не било вистинско знаме во традиционална смисла.

Мисијата Чанг 5 е третото успешно слетување на Кина на Месечината во последните седум години.

Вселенското летало „Чанг’е 5“ вчера се оддели од површината на Месечината и наскоро ќе се врати на Земјата, што е прв обид за повеќе од 40 години да се донесат примероци од природниот сателит на Земјата.

Модулот кој слетал на Месечината во вторникот се задржа до четвртокот во 23:10 часот по време во Пекинг (16:10 часот по средноевропско време).

Ако сондата се врати на Земјата без тешкотии, Кина ќе биде третата земја што собрала примероци, по Соединетите држави и поранешниот Советски сојуз.

Истакнувајќи дека мисијата е технички крајно тешка, кинеската јавна телевизија CCTV ја опиша Chang’e 5 како една од „најсложените и најчувствителните“ операции во рамките на државната вселенска програма.

Задачата на оваа вселенска мисија била да ја издупчи површината на длабочина од 2 метри во област што сè уште не е истражена, Океанската бура (Oceanus Procellarum на латински јазик), што е големо плато од лава.

Мисијата е нова фаза во кинеската вселенска програма, која постигнала огромен успех на почетокот на 2019 година со лансирање на истражувачки лунарен модул на темната страна на Месечината, што е прв ваков подвиг во светот.


Регистрирани се 1100 нови случаи на Ковид- 19,починале 30 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.

Починати се 30 лица, дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г) и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66330, бројката на оздравени пациенти е 42241, на починати е 1877, а бројот на активни случаи изнесува 22212. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 28806, активни 10735

• Куманово 3949, активни 904

• Дебар 492, активни 127

• Штип 2826, активни 528

• Прилеп 3283, активни 1033

• Тетово 4021, активни 1021

• Струга 1588, активни 473

• Велес 2144, активни 720

• Битола 2329, активни 971

• Охрид 1750, активни 585

• Кавадарци 1409, активни 559

• Гостивар 2776, активни 1062

• Гевгелија 804, активни 260 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1818, активни 581

• Крива Паланка 476, активни 150

• Радовиш 461, активни 118

• Крушево 143, активни 77

• Кочани 1308, активни 256

• Пробиштип 381, активни 92

• Демир Хисар 208, активни 77

• Македонски Брод 181, активни 48

• Пехчево 105, активни 18

• Берово 396, активни 98

• Валандово 228, активни 67

• Виница 385, активни 134

• Делчево 498, активни 227 (149 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 165, активни 42

• Свети Николе 883, активни 229

• Кичево 1347, активни 470

• Ресен 502, активни 203

• Неготино 668, активни 347 (93 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2824 теста се преку: ИЈЗ-743, ЦЈЗ Скопје-64, Авицена-245, Биотек-272, МАНУ -209, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-49, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -775, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 344.085 тестирања на Ковид -19.

Авион принудно слета на автопат во САД (ВИДЕО)

Мал авион морал принудно да слета на автопат во американската држава Минесота.

„Се чини дека имало дефект на моторот“, се вели на Фејсбук страницата на Би-Би-Си.

За среќа, никој не бил повреден.

притисни ентер