Сателитот Canopus-V, опремен со камера со висока резолуција, ќе му овозможи на Иран да ги следи локациите на своите противници на Блискиот исток, наведува весникот, повикувајќи се на сегашни и поранешни претставници на САД и од Блискиот исток.
Информацијата е објавена неколку дена пред самитот на 16 јуни во Женева меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, кој е на својата прва турнеја во странство откако ја презеде функцијата во јануари.
Сателитот може да биде лансиран наредните месеци. Ќе биде лансиран од Русија.
Бидејќи нема капацитет на американските сателити, Иран ќе може да го користи за шпионирање.
Експертите се загрижени затоа што ќе можат да споделуваат информации со Јемен, Ирак и Либан.
Информацијата е објавена во време кога се водат деликатни преговори меѓу големите сили за спас на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, од кој САД, под претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа во 2018 година и повторно воведоа санкции за Техеран.
Како резултат, од мај 2019 година, Техеран ги надмина повеќето ограничувања за кои се согласиле според договорот.