Русија има најголем дневен број на заболени со ковид-19 од февруари

Русија денеска објави 12.505 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем дневен број на инфекции од крајот на февруари, па вкупниот број заразени во земјата од почетокот на пандемијата е 5.180.454.

Главниот град Москва очекува дека врвот на инфекцијата ќе биде забележан во јуни или јули, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на градоначалникот Сергеј Собјанин.

Тој истакнал дека околу половина од населението во Москва развиле имунитет кон коронавирусот.

„Мислевме дека пролетниот врв на пандемијата ќе дојде во април или мај, како минатата година, но тој всушност се пресели во јуни и јули и е прилично висок“, рече градоначалникот за новинската агенција РИА.

Градоначалникот во својата изјава додаде дека „сегашните ограничувања во градот нема да бидат зајакнати“, објави новинската агенција ТАСС.

Владиниот кризен штаб соопшти дека уште 396 лица починале од коронавирус, со што вкупниот број на жртви од ковид-19 во земјата достигна 125.674.

Федералната агенција за статистика, пак, ги објави своите податоци и посочи дека Русија забележала околу 270 000 смртни случаи поврзани со ковид-19 од април 2020 година до истиот месец во 2021 година.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер