Министерството за надворешни работи не навело никаква причина за одлуката, донесена во време на растечки критики на Европа во врска со наводното труење на лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални.
„Ние повеќепати ја предупредувавме Европската унија за деструктивната страна на нејзиното однесување“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека списокот на поединци и европски организации на кои им е забранет пристап до Русија е проширен за да биде „еднаков“ со списокот на ЕУ.
„Доколку ЕУ опстојува на својот конфликтен пристап, ние го задржуваме правото да одговориме со соодветни мерки“, изјави рускиот министер за надворешни работи.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова ја осуди „дезинформациската кампања во врска со рускиот државјанин Навални, која ја организираа западните земји, нивните водачи, нивните официјални претставници“.
"Ние едноставно сметаме дека таквата реторика е неприфатлива. Нема докази против Русија", рече Захарова, која не повлече никаква врска помеѓу санкциите и наводното труење на Навални.
Европскиот министер за надворешни работи Јозеп Борел неодамна ја спомена можноста за усвојување на „закон на Навални“ што ќе биде средство за можни санкции. Германија исто така најави можност за казнени мерки против Русија.
Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли она што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва одбива и вели дека нема индиции дека е сторено кривично дело.
Германија го идентификуваше нервниот агенс Новичок како средство со кое е затруен Навални. Отровот бил произведен во поранешниот Советски сојуз за воени цели.
Москва ги отфрли „неоснованите обвинувања“ и, од друга страна, ја обвинува Германија дека одбива да ги открие медицинските досиеја на Навални.
По труењето, Навални бил пренесен во болница во Берлин, каде лекарите дијагностицирале труење со Новичок, што било потврдено од лабораториите во уште две европски земји.