Русија денеска со рекорден број починати од ковид-19

Русија денеска потврди 820 смртни случаи поврзани со „Ковид-19“ во изминатите 24 часа, што се совпадна со рекордот поставен на 26 август, додека властите предупредуваат за нов пораст на инфекции.

Москва потврди 3.445 нови инфекции за 24 часа, најмногу во еден ден од 31 јули, соопштија властите. Има вкупно 21.438 нови инфекции на национално ниво.

Кремљ соопшти дека не размислува за повторно воведување мерки за затворање или други забрани, но додаде дека владата и регионалните претставници внимателно ја следат ситуацијата.

„Колку што знам, и покрај поголемиот број, сеуште не се донесени одлуки никаде (во Русија)“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ана Попова, шеф на агенцијата за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор, вчера изјави дека 36 региони забележале пораст на инфекции со коронавирус оваа недела.

Таа додаде дека вирусот се шири побрзо во регионите каде што има помалку вакцинирани луѓе. Русија, земја со повеќе од 144 милиони луѓе, објавила дека речиси 40 милиони луѓе се целосно вакцинирани против Ковид-19.

Русија потврдила 7.354.995 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, соопштија властите.

Владиниот штаб за коронавирус соопштил дека досега имало 201.445 смртни случаи поврзани со „Ковид-19“, додека федералната статистичка агенција има податоци за 365.000 смртни случаи од април 2020 година до јули 2021 година.

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

Директорот на ФБИ предупредува: И во САД е можен напад како што беше масакрот во Москва (ВИДЕО)

Директорот на Американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, предупреди дека во САД е можен напад како неодамнешниот масакр на концертот во Москва, кога беа убиени 144 лица.

Како што пренесува „Dailymail“, Реј истакнал дека ФБИ во моментов води дури 4.000 меѓународни истраги за тероризам.

Тој, исто така, изјави дека ФБИ е „сè повеќе загрижен за потенцијалот за некаков вид координиран напад на територијата на Соединетите држави“. Објаснувајќи дека таквиот напад можеби не е толку различен од она што се случи во Москва кога припадниците на Исламската држава убија 144 луѓе во концертна сала.

Нападот во трговскиот центар во руската престолнина на 22 март е и најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните две децении. Вреј претходно изрази загриженост за зголемените закани од тероризмот, велејќи на панелот на Претставничкиот дом на САД претходно овој месец дека моменталната закана од тероризам е најголемата што може да се сети во неговата кариера.

„Додека гледам наназад на мојата кариера во спроведувањето на законот, тешко е да се сетам на време кога имало толку многу закани за нашата јавна и национална безбедност. На крајот на фискалната 2023 година, ФБИ спроведуваше 4.000 меѓународни истраги за тероризам“, кажа Реј.

Тој, исто така, предупреди дека терористичката закана за САД е зголемена по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври:

„Уште пред нападот на 7 октомври мислевме дека тероризмот еволуирал. По овој напад тој е на сосема ново ниво“, додаде Реј.

Реј, исто така, се осврна на сè понепријателската меѓународна средина и потенцијалното прелевање на теророт:

„Без разлика дали станува збор за закана од Кина, Русија, Иран, има терористички закани и од странски и од домашни фактори.“

Потсетуваме, Реј на функцијата директор на ФБИ беше поставен во 2017 година од Доналд Трамп, тогашниот претседател на САД. Тој водеше кампања во Конгресот за да добие уште повеќе средства. Буџетот на ФБИ за фискалната 2024 година падна 500 милиони долари помалку од она што беше потребно за одржување на сегашните функции.

Руските власти уапсија четворица напаѓачи во концертна сала во Москва. Иако Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, а во Кремљ сакаа да докажат дека нападот е поврзан со властите во соседна Украина.

притисни ентер