Русија бележи црн рекорд-најголем број починати од почетокот на епидемијата

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани повеќе од 18.000 нови случаи на корона вирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на потврдени случаи на ковида-19 во Русија е 1.599.976, со оздравени 1.200.560 лица.Вкупно починале 27.656 лица, објави рускиот кризен штаб, пренесе ТАС С, а само во последните 24 часа има 355 жртви.

Според проценката на Александар Горелов, заменик директор на рускиот Централен истражувачки центар за епидемиологија, бројот на пациенти со коронавирус во Русија ќе го достигне својот врв во првата половина на ноември.

Според проценката на овој експерт, на врвот на епидемијата, дневниот број на новоинфицирани ќе биде околу 20 000, но степенот до кој ќе се почитуваат пропишаните мерки за превенција во голема мера ќе влијае на бројот на нови инфекции, објави ТАС С.

Горелов апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита пропишани од владата.

,,Тајм” прв пат прогласи Дете на годината,наградата ја доби тинејџерка-научник

Магазинот ,,Тајм” воведе нова награда , Дете на годината, доделена на 15-годишниот научник Гитањали Рао, пишува Дејли Меил.

Интересот на Рао за науката започнал кога таа имала 10 години. Тогаш дознала за технологијата на наноцевки, што ја предизвикало нејзината страст кон науката.

Пред да ја добие наградата за најдобро дете на годината, Рао била вклучен на списокот на Форбс на 30 лица помлади од 30 години за развој на мобилните телефони во 2017 година. Потоа таа развила уред за откривање на олово во водата за пиење. Зборувала на ТЕД неколку пати и е добитник и на други награди.

Нејзиниот последен проект е апликацијата наречена Кундли, која користи вештачка интелигенција за откривање на малтретирање преку Интернет во рана фаза.

Рао била избрана од 5.000 номинирани, а жирито било воодушевено од начинот на кој ја користела технологијата за борба против социјалните проблеми од загадената вода до сајбер малтретирањето.

„Не изгледам како типичен научник“, рече Рао, родена во Колорадо, во интервју за Тајм, кое го направила со неа актерката Анџелина Џоли.

Рао се надева дека ќе студира генетика и епидемиологија на Институтот за технологија во Масачусетс.

„Мојата цел не е само да создадам свои уреди за решавање на светските проблеми, туку и да бидам инспирација за другите да го сторат истото“, рекла таа во интервјуто.

Македонско-бугарска комисија: Напредокот е еднаков на нула

Стравувањата дека средбата на историчарите е осудена на неуспех, уште пред да почне, се остварија. 

Првите луѓе на мешовитата комисија, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров попладнево на онлајн прес-конференцијата се согласија за само едно – дека напредокот е еднаков на нула. Главен камен на сопнување било придавката македонски во записниците, кои требале да бидат потпишани. Ѓоргиев појаснува дека бугарската страна на последните неколку рунди разговори, настојувале да го лимитираат терминот македонски во записниците, различно толкувајќи го Преспанскиот договор. Таквиот принцип на потпишување било неприфатливо за македонската страна.

-Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата рабпота бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлику се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба, изјави Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим од Комисијата.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим од Комисијата.

Без разултат завршило и прашањето за Цар Самоил, кој се изучува во македонските учебниците по историја за седмо одделение. Бугарската страна инсистирала да се води како личност единствено како личност од бугарската историја , отфрлајќи ја идејата за мултиперспективност во учебниците.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади, рече Ѓоргиев.

-Многу сме далеку од согласност за учебниците за 7 одделение. Денес точката поврзана со Цар Самоил заврши целосно без резултат, особено што се отстапи од веќе подготвен заеднички текст од страна на две влади. Се движиме како желка, вели Ангелов.

Ѓоргиев најави дека деновиве повторно ќе се разговара во помал формат. Ова беше 11-та и последна средба на Комизијата за годинава. За следната се предвидени уште пет средби.

Палмер:Македонија направи доволно реформи за да се одржи Меѓувладината конференција

Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, а билатералните прашања да се решваат на билатерален начин, изјави за Гласот на Америка заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, нагласувајќи дека билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес.

Тој се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Македонија да се одржи за време германското претседателство.

„Северна Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме се`што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на Македонија кон членството во ЕУ“, рече Палмер.

На прашањето дали барањата на Бугарија ги одразуваат европските вредности, како и дали САД го осудуваат таквото однесување, Палмер рече:

„Разбираме дека има одредени важни прашања кои се однесуваат на историјата, идентитетот и јазикот, кои треба да бидат решени меѓу Бугарија и Македонија како соседи, сојузници и партнери. Во однос на процесот за пристапување во ЕУ, сакаме да видиме тој да продолжи напред, без да ги вклучува билатералните прашања. Би сакале да видиме билатералните прашања да се решваат преку билатерални канали“, изјави тој.

А дали цената за влез во ЕУ треба да биде бришење на историјата?

„Цената за влез во ЕУ е јасна и образложена на околу 80 илјади страници со правила и регулативи. Тоа е процес базиран на стандарди. Сакаме да видиме Македонија да продолжи со реформите кои отворија врата кон Европа. Како што реков, има билатерални проблеми, кои можат и треба да се решат преку билатерален пат. Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, кои ќе осигураат Македонија да биде членка на ЕУ“, рече тој.

Според него, за да може да се одржи европската кредибилност во државата, ЕУ треба да покаже оти прогресот во реформите ќе се отслика со отворање на пристапниот процес.

„Во овој момент, следен чекор за Македонија е одржување на Меѓувладината конференција, и тоа е нешто што Македонија јасно го заслужила преку реформи“, вели Палмер.

Тој рече дека не сака да прогнозира каков ќе биде резултатот од состанокот следната недела, но, нагласи дека САД ќе останат партнери низ целиот тој процес со Македонија и Албанија.

„Останете посветени на реформите, демонстрирајте сериозност и цел, и продолжете да се движите напред“, порача Палмер во изјавата за ВОА на македонски јазик.

притисни ентер