РСС ќе награди најдобри идеи за дигитални решенија во три области со по 10 илјади евра

 Регионалниот совет за соработка (РСС) распиша конкурс за најдобри идеи за дигитални решенија во три области кои ќе бидат наградени со по 10 илјади евра, понудени од компании или поединци од Западен Балкан.

– Конкурсот ќе трае до 12 јули, а се бараат иновативни идеи за предлог решенија во главните сегменти од туризмот, потоа за он-лајн настава и за он-лајн плаќања со целосна заштита на идентитетот на корисниците, соопштија од РСС.

Од Советот информираа дека можат да се пријават поединци или мали компании, центри за дигитални иновации, научно-технолошки паркови, универзитети и други. Наградените кои ќе бидат соопштени он-лајн на 16-ти јули, ќе можат да работат со ментори на реализација на нивните идеи.

Проектот наречен Балкантхон е финансиран од Европската унија. Повеќе информации можат да се најдат на линкот на РСС или на самиот проект Балкантхон.с

Во Хрватска се одбележуваат 25 години од операцијата “Бура“

Хрватска одбележува 25 години од операцијата „Бура“.

Одбележувањето кое сепак се одвива со предвидените здравствени протоколи поради ковид епидемијата, годинава падна во сенка на полемиката, во Хрватска и Србија, во однос на одлуката во Книн да присуствува потпретседателот на хрватската влада од самостојната Демократска српска партија Борис Милошевиќ, кој денеска стоеше во редот близу хрватскиот премиер Пленковиќ.

„Што се однесува до доаѓањето на потпреседателот на владата Борис Милошевиќ, можам да кажам дека оваа моја иницијатива беше логична, природна, нормална. Клучно е тоа што 25 години по „Олуја“ испраќаме важен сигнал во кој политички претставник на Србите во Хрватска, воедно и потпретседател на владата, доаѓа на „Олуја“ и испраќа порака до хрватското општество“, кажа Пленковиќ по положувањето венец на гробиштата Мирогој пред хрватскиот ден на победата

Средба на министерот Нухиу со претставници од Амбасадата на САД

Денеска министерот за внатрешни работи  на  Република Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со  Хит Вард, Регионален офицер за безбедност и Ендрју Мофат, Втор секретар во политички сектор при Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје.

На средбата од страна на соговорниците беше потврдена досегашната извонредна меѓусебна соработка, а од страна на министерот Нухиу беше изразена благодарност за поддршката во јакнењето на капацитетите на министерството изминатиов период, која со несмален интензитет ќе продолжи и во иднина.

Министерот Нухиу и американските претставници разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава, како и за активностите и превентивните мерки кои Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите надлежности, ги презема во справување со глобалната пандемија со Ковид - 19.

На средбата присутните се согласија дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битен елемент во градење на доверба на државата и државните институции на патот кон Европската Унија, а Соединетите Американски Држави остануваат наш докажан стратешки партнер, стои во соопштението од МВР.

Во Тетово намален бројот на активни случаи со КОВИД-19

Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот состанок оцени дека се намалуваат случаите на заболени со КОВИД-19, образложувајќи го тоа со намалување на бројот на активни случаи споредено за изминатите две недели.

Центарот за јавно здравје денеска бележи два нови случаја.

-Од почетокот на пандемијата во Тетово и петте околни општини, вкупниот број на дијагностицирани е 1063, а од нив досега оздравеле 769 лица, 80 починале, со што бројот на активни случаи изнесува 214. За среќа, во Тетово и регионот продолжува трендот на намалување на нови случаи, додека бројот на оздравени е во пораст, со што од минатата недела до денес бројката на активни случаи е значително намалена од 276 на 214 лица, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.

–Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена. Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност, истакна Арифи.

Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски изречени се прекршочни платни налози на 21 лице. Нема прекршувања кај контролите на 346 луѓе со решенија за изолација дома. /МИА

притисни ентер