РСБСП: Возете внимателно за празникот на љубовта и виното

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел возачите да управуваат совесно и одговорно со своите возила за време на празниците Свети Валентин и Свети Трифун. 

-Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов, се вели во денешното соопштение од РСБСП.

Љубовта, велат оттаму, оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа РСБСП упатува апел до граѓаните ако возат да не пијат, ако пијат да не возат, да користат такси превоз или јавен превоз, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот.

Финскиот министер за одбрана се противи на испраќањето авиони „Хорнет“ на Украина

Финскиот министер за одбрана Анти Кајконен денеска изјави дека не сака да донира борбени авиони „Хорнет“ на Украина.

„Моето мислење како министер за одбрана на Финска е дека ни требаат тие авиони за да ја заштитиме нашата земја“, рече Кајконен на прес-конференција во Хелсинки.

„Се чувствувам негативно за идејата да ги донирам во следните неколку години. И ако погледнеме понатаму, мислам дека тие ќе се истрошат со текот на времето и ќе бидат малку корисни“, рече тој.

Финска ќе ги замени своите стари Хорнети со Ф-35 што ги нарача во 2021 година, а првиот авион се очекува да биде испорачан за две до три години.

Финска, сепак, ќе обезбеди дополнителна воена опрема за Украина, вклучително и уште три тенкови Леопард 2, како и претходно слична донација, рече министерот. Можноста за донирање на Хорнет на Украина беше спомната за време на неодамнешната посета на финската премиерка Сана Марин на Киев.

На прашањето на новинарите дали на Украина треба да ѝ се дадат борбени авиони, таа рече дека Финска треба да размисли дали нејзините Хорнети ќе бидат соодветни за таа цел, но не ветила.

Мицкоски: Точно е дека има притисоци за уставни измени, но јас нема да попуштам ниту милиметар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар.

Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

- Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ставот го кажа уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

- Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да и помогна на владата. Затоа што замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се пдоготвува, зилеговме во јавност у понудивме решение и прашуваме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат, за жал бевме одбиени, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека потоа имаше средба заедно со потпретседателот Николоски заедно со пратеникот Милошоски со Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на кој власта повторно изнесе плитки аргументи и не сакаше да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ:

- Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем, изјави Мицкоски.

Хајди Клум облече фустан што изгледа како течен метал

Хајди Клум привлече внимание со модната комбинација на Fashion Trust Awards.

Германската манекенка се појави во сребрен фустан на Кејт Бартон, што изгледаше како течен метал. Ја стегна половината со огромен метален појас, а во раката носеше чанта во форма на аквариум со риба.

Хајди редовно привлекува внимание со своите модни избори, некои на црвениот тепих, некои имагинативни костими поради кои го доби прекарот „Кралица на Ноќта на вештерките“.

притисни ентер