РСБСП: " Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет? "

Електричните тротинети и електромобилноста се нешто ново, нешто што е во тренд, нешто популарно и актуелно.

Пред само една година, електричните тротинети ги гледавме како туристичка атракција во големите европски метрополи, а денес тие се веќе тука и присутни се на улиците, тротоарите, велосипедските патеки во Скопје и во другите градови. Нивното присуство во сообраќајот носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места, загаденоста, итн. но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Согласно наведеното РСБСП со потсетување за тоа кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет односно РСБСП потсетува дека:

• Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.

• Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. ( се забранува движење со тротинет на коловоз).

• Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. а по тротоар и пешачка патека, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.

• Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден позади друг.

• Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото.

• Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни.

• Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. ( треба но нема санкција)

• Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.

• На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.

РСБСП со апел: Секогаш кога учествувате во сообраќај со електричен тротинет почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот, заради ваша безбедност и заради тоа што вие сте активен учесник во сообраќајот.

Џеј Ло во секси поза, чија е раката на нејзиниот задник? (ФОТО)

Додека има гласини за наводно помирување на поранешната двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек, Лопез реши да ги игнорира сите гласини и да се посвети на работата.

Таа снима во Мајами, а нејзиниот стилист Роб Зангарди објави фотографии од Џеј Ло во предизвикувачка модна комбинација. Носи црвен фустан со длабок шлиц и наметка.

Модната комбинација ја надополнила со големи обетки и неутрална шминка.

„Тој сјај на Џеј Ло“, напишал стилистот покрај фотографијата.

Освен што нејзините обожаватели делат комплименти, тие забележале и нечија рака на нејзиниот задник.

„Ова е најсексипилното нешто што некогаш сум го видела“, „Каде можам да се пријавам за да работам со тебе?“, „Кој е среќникот што ти го држи задникот?“, „Кралица“, се само некои од коментарите.

Имено, човекот на фотографијата е шминкерот Скот Барнс.

Ги имитира топлес позите на Ирина Шајк, па доби повеќе лајкови (ВИДЕО)

Снимката со Ирина Шајк, во кое ги покрива градите со раце, на Инстаграм ја погледнале 1,5 милиони луѓе, но пародијата на австралиската комичарка собрала дури 800 000 прегледи, и тоа за три дена помалку.

Селест Барбер се прославила со ироничните и смешни имитации на совршени, често нереални фотографии од познати личности, а последна на удар беше 35-годишна руска манекенка.

„Буахахааха“, „Ме убиваш секој пат“, „Умирам од смеа“, се само некои од реакциите, кои се прилично чести кога станува збор за нејзините имитации, на кои таа ја изгради својата слава на Инстаграм.

Имено, 7,9 милиони луѓе ја следат на таа социјална мрежа.

Кинески ровер ноќеска ќе се обиде да слета на Марс

Кина треба да се обиде да го спушти својот прв ровер на Марс вечерва околу 1 часот по полноќ. Станува збор за многу ризичен потфат што успешно го постигнале само половина од леталата што стигнале до Црвената планета.

Слетувањето е предвидено за сабота во 1 часот по полноќ, иако засега Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) сè уште официјално не го потврдила тоа.

Планирана е мисијата наречена Тијанвен-1 (Прашања до рајот) во две фази. Првата фаза, испраќањето на леталото во орбитата на Марс, беше успешно завршена. За време на втората, кинеското вселенско летало би требало да спушти орбитер и ровер на Марс.

Тијанвен-1 се состои од три компоненти: орбитер, летало и роботско возило, а масата на целото вселенско летало е околу 5 тони. Ќе се обиде да слета на копно со роверот на површината, додека орбитерот ќе продолжи да кружи околу Црвената планета.

Роверот со соларен погон е тежок 240 килограми, а по слетувањето три месеци ќе бара биомолекули и други знаци на живот, по што неговата мисија завршува. Орбитерот, пак, треба да кружи околу Марс уште две години.

Роверот наликува на роверите на НАСА 2000 Спирит и Опортјунити, а се напојува со соларни панели.

Кога станува збор за истражување на Црвената планета, досегашната статистика е добро позната - скоро половина од сите претходни обиди не успеале. Првиот обид на Кина да испрати сателит „Јингхуо-1“ на Марс пропаднал бидејќи нејзиниот руски носач престанал да работи и се урна во Тихиот океан.

Доколку Тјанвен-1 безбедно слета на тлото на Црвената планета, тоа ќе биде првото слетување на Марс во последните неколку децении, што не било извршено од НАСА. Иако Советскиот сојуз го спушти леталото на површината на Марс во 1971 година, тоа престанало да работи 110 секунди по слетувањето, по што е изгубен контакт со него. Досега само САД успеале да слетаат на Црвената планета, осум пати од 1976 година.

Повеќе од половина од леталата што требало да ја допрат земјата на Марс или експлодирале, или изгореле, или се скршиле на површината.

Во случај мисијата да успее, Кина ќе стане трета земја во светот која успешно ќе слета на површината на планетата или втора чиј ровер детално ја истражува оваа далечна планета.

притисни ентер