РПЦ: Ги признаваме исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија - Канал 5

РПЦ: Ги признаваме исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија

Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став.

РПЦ: Ги признаваме исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија

Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија.

– Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

Од Вселенската патријаршија, по денешното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа.

Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.

Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

Флорида започна со изградба на нов центар за привремено задржување на мигранти на напуштена писта во средината на мочуриштата Еверглејдс.

Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

Објектот веќе е наречен „Алигатор Алкатраз“ во јавноста, а проектот го води министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, пишува Би-Би-Си.

Според министерката, објектот ќе биде „во голема мера“ финансиран од ФЕМА, агенцијата која вообичаено им обезбедува помош на недокументираните мигранти.

„Под водство на претседателот Трамп, работиме со турбо брзина на економични и иновативни начини за исполнување на она што го бара американскиот народ - масовна депортација на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем.

Центарот ќе може да смести до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

Локацијата е опкружена со природни „чувари“

Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами. Во видео објавено на платформата „X“, Утмаер изјави дека станува збор за „скоро напуштена зграда“ и ја нагласи природната непристапност на теренот.

„Ако некој се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде да оди, нету каде да се скрие“, рече Утмаер.

Проценетите годишни трошоци за работење на центарот се околу 450 милиони долари.

Еколошки ризици и политички поделби

Планот веднаш предизвика жестоки реакции. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, демократката Даниела Левин Кава, предупреди дека изградбата во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот Еверглејдс“.

Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Тоа е ретко мочуриште кое вклучува разновидни природни системи, од мангрови до речни заостанати води, и е дом на бројни заштитени видови.

Извор: Индекс.хр

Најмладите македонски пингпонгари на Балканско првенство во Грција

Од 24-ти до 28 Јуни во Грција се одржува Балканското првенство во категориите до 15 и 19 години, а нашата репрезентација учествува со 11 учесници. Репрезентацијата е предводена од тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.

Најмладите македонски пингпонгари на Балканско првенство во Грција

Од денес до 1-ви Јули Јован Пармачки од ППК Зегин Берово учествува на Европски камп во Порто, Португалија. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи.

Пармачки го предводат тренерот Зоран Јованоски и Горан Тиловски.

Влогот во младите перспективни играчи останува приоритет на Пинг понгарската федерација на Македонија и Федерацијата позитивно одговара особено на можностите за меѓународен напредок на играчите.

Стигнува нова, подобра врста гориво - еве кои модели можат да го користат

Ново бензинско гориво Super E20, кое содржи 20 проценти биоетанол – двојно повеќе од познатото Super E10 – претставува нов чекор кон климатски поприфатлив сообраќај.

Стигнува нова, подобра врста гориво - еве кои модели можат да го користат

Горивото од есента 2023 се тестира на една бензинска станица во германскиот Манхајм, со цел намалување на CO₂ емисиите и зависноста од фосилни извори на енергија.

Според податоците на германскиот авто-клуб ADAC и индустриски партнери како „CropEnergies“, користењето гориво со поголем удел на биоетанол може да ги намали емисиите на јаглерод диоксид до 80 проценти – зависно од начинот на производство. Во комбинација со био-дизел, можна е вкупна редукција на емисиите до 40 проценти, пишува „Феникс магазин“.

Засега, Super E20 е во тест-фаза и се користи само во службениот возен парк на компанијата Südzucker AG. Поширока примена сè уште не е можно поради постојните норми кои дозволуваат максимум 10 проценти етанол во бензинските горива.

Без измена на стандардите, E20 не може официјално да се продава.

Технички, поголемиот дел од поновите возила може да користи E20, но производителите сè уште немаат дадено официјални потврди. Кај постарите модели може да се појават проблеми со пумпите и системите за вбризгување гориво, а се очекува и благо зголемување на потрошувачката – во просек за околу 3 проценти.

Политичка поддршка за стандардизација на E20 горивото дале и пратениците од конзервативната ЦДУ во Европскиот парламент, кои нагласуваат дека преминот кон електрични возила е побавен од планираното, а возилата со мотори со внатрешно согорување ќе бидат присутни на патиштата уште долго. Поради тоа, E20 се гледа како реално и брзо решение за намалување на емисиите во транзицискиот период, пренесува Биз Портал .

притисни ентер