Роднините на настрадание во Ласкарци револтирани од бавниот судски процес

Речиси четири години чекаат правда. 

Роднините на загинатите патници во автобусот на „Дурмо Турс“ кој се преврте на автопатот Скопје – Тетово во февруари 2019 година револтирани што нема никаква одговорност за изгубените 16 човечки животи. Бараат одговори од скопскиот Кривичен суд зошто една година нема судење, проблем кој следи по побараното супервештачење. Се сомневаат дека може некој од обвинетите да се спаси од одговорност, но и на веродостојноста на анализата која ја прави Бирото за судски вештачења. Рондините имаат верба во првото вештачење направено од Машинскиот факултет.

„Дали ќе организираме улици, дали ќе направиме нешто порадикално – судот ќе го блокираме... Сигурно ќе се собереме повеќе бидејќи тука се во прашање 16 жртви и 33 повредени. Сите ние ќе се организираме со наши најблиски семејства, пријатели, другари – ова вака не може да тера до бесконечност. Веќе се прелеа чашата. Нема повеќе кај нас нерви за да ова го тераме до недоглед, затоа што веќе кажав, четврта година во овој предмет нема никаква разрешница“, изјави Благојче Трпевски чии син на 13 февруари 2019 година загина во несреќата кај селото Ласкарци.-Благојче Трпевски, родител на загинат.

„До денес требаше да имаме пресуда, а не да се остава простор за сомнеж. Не сакаме да веруваме дека во позадина на сето ова има притисоци на политички влијанија или не дај боже на корумптивни дејанија“, рече Синиша Ристовски чии брат загина во трагедијата.-Синиша Ристовски, брат на загинат.

Од скопскиот Кривичен суд соопштија дека го разбираат револтот на роднините. Лани од судот се обратиле во Бирото за судски вештачења, по одбиените барања за супервештачање од неколку факултети. Од Кривичен велат дека Бирото побарало дозвола за увид на автобусот на „Дурмо Турс“ за да може да го финализираат супервештачењето.

„Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата заради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29 – ти ноември“, соопштија од Основниот кривичен суд – Скопје.

Главниот вештак на супервештачењето Дамјан Мирчевски неодамна во телефонски разговор за Канал 5 тврдеше дека тој чекал еден месец од скопскиот Кривичен суд да му дадат одобрение за да се изврши увид на автобусот на „Дурмо Турс“.

Предметот „Ласкарци“ една година заглави во судските лавиринти. И денешното рочиште беше само формално, се одложи бидејќи во судот и ден – денеска не е пристигнато супервештачењето кое го побара самиот суд поради презентирани три различни анализи за тоа како настанала сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Судењето почна пред повеќе од три години, на само седум месеци по трагедијата во која загинаа 16 патници на „Дурмо Турс“.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер