Роднини на загинатите во авотбуската несреќа во Бугарија бараат паралелна истрага

Роднини на загинатите и преживеаните во автобуската несреќа на „Беса транс" на магистралата Струма пред Окружниот суд во Перник побараа паралелна истрага за несреќата, јави БНТ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, тие бараат повеќе информации за накитот вреден неколку илјади евра кој го имале жртвите во изгорениот автобус на „Беса транс".

Семејствата на загинатите се уште ги чекаат предметите, во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Македонија, но процедурата за идентификација на предметите се уште не е почната.

Кјамуран Пајазитовски изјавил дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.
– Златото не гори, Нашите власти треба да ни кажат дали имаме злато, сочуван багаж или пари, изјавил Пајазитовски за БНТ.

Преживеаните и роднини на загинатите исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја покрена Обвинителството на Бугарија.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките, патната ифраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината. Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Северна Македонија, објави БНТ. /MИА

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Американскиот рапер Фифти Сент ќе побара самостојно старателство над синот што го има со Дафне Џој, откако таа е посочна како наводна сексуална работничка во тужбата против музичарот Шон Комбс - „Диди“.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над неговиот син“, изјави извор близок до двојката за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

Портпаролот на Фифти рече дека нема коментар за овие наводи.

Раперот и Дафне беа во врска во 2011. и 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр. По последните наводи, Фифти на својот интернет-простор објави фотографија од себе со пура и не многу пријателски коментар за поранешната девојка.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. 'ЛОЛ'. Овие г**нарии се претворија во филм", напиша музичарот.

Според западните медиуми, во судските документи Дафне Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка, заедно со Јанг Мајами и Џејд Рејми, во наводниот синџир за секс-трговија на Диди. За нив, наводно, раперот „се фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа./МИА

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

притисни ентер