Робертсон: На НАТО самитот во Лондон ќе се расправа за Македонија?

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атланскиот совет на САД, на трибина во Вашингтон изразија поддршка за приемот на Македонија во НАТО.

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атланскиот совет на САД, вчера на трибина во Вашингтон изразија поддршка за приемот на Македонија во НАТО на следниот самит на организацијата планиран за 2014 година во Лондон.

- Се надевам дека Македонија ќе добие членство во НАТО. Таа исполни се што е потребно за да стане членка и треба да биде дел од НАТО семејството. Македонија мина низ турбулентни времиња и успеа да се справи речиси со граѓанска војна, и да донесе мир во тој дел од светот. Јас отсекогаш сум бил силен поддржувач на македонското членство во НАТО и се надевам дека ќе може да се надмине последната пречка, за што ќе биде потребна флексибилност од двете страни, изјави Робертсон, во разговор со Македонската радио-телевизија.

Поранешниот генерален секретар на НАТО додал дека очекува проширувањето да биде една од темите на самитот во Лондон. Грција спречи оваа тема воопшто да биде поставена на минатогодишниот самит во Чикаго. Вилсон, кој наскоро ќе ја посети Македонија, за МРТВ изјави дека во овој момент најважно е влијателните држави во НАТО, како САД, Германија, Франција и Британија, да се ангажираат за решавање на спорот за името.

- Советот веќе е закажан и со ова е создадена дипломатска можност САД, Германија, Британија, Франција, Италија и други земји да се вклучат и да работат со Грците и со Македонците, за конечно да се најде решение на спорот. Не е сигурно дали ќе дојде до решение, но се надевам дека самитот на НАТО ќе создаде можност за тоа, изјави Вилсон. /Извор: МИА/

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер