Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите

Питер Марки – Заи, лидерот на здружената опозиција во Унгарија и ривал на Виктор Орбан, најави екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски доколку победи на парламентарните избори до година.

– Оградата ќе остане и ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од „Фидес“. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидес“, напиша Марки - Заи на својот „Твитер“ профил, а пред неколку дена истото го порача и од партиски собир.

-Кај што европските вредности и нашите европски сојузници и лојалноста кон НАТО ќе ја детерминираат нашата надворешна политика каде што оградата се уште постои и ќе ги екстрадираме криминалните мигранти кои Фидес ги насели и Груевски ќе биде предаден на властите и останатите криминални мигранти од Фидес,изјави- Питер Марки – Заи – Лидер на опозицијата во Унгарија.

Груевски избега во Унгарија каде во октомври 2018та доби азил. Според правилата на земјата по три години, кои се поминати, се прави ревизија на одлуката. Но засега нема информации дали му е обновен азилот. Во меѓувреме од македонското министерство за правда велат дека нема да се откажат од барањето за екстрадиција за што до унгарските власти се испратени и повеќе замолници.

-Министерството за правда нема да се откаже од намерата Никола Груевски да биде екстрадиран назад во земјава. До сега е направено се согласно законите тој да биде екстрадиран, а до унгарските власти се испратени и повеќе замолници-Министерство за правда.

Дали и колку се остварливи намерите на Марки – Заи зависи од исходот на изборите кои Унгарија треба да ги спроведе пролетта следната година. Според рејтинзите кои ги објавуваат тамошните медиуми, опозицијата е во мало водство пред партијата Фидес предводена од Орбан.

-Според последните анкети на Медиан Институтот, околу 47% од Унгарците ќе поддржат промена на власта следниот април, наспроти 44% кои би сакале Владата да ја продолжи работата. Значи населението е поделено на речиси 50 – 50, но има повисока шанса во моментов опозицијата да победи во април, – Петер Креко – Политички научник и професор.

Груевски е осуден на затворски казни за набавката на мерцедесот и за случајот Насилство во Општина Центар, а обвинет е уште во неколку други предмети кои ги отвори сега згаснатото СЈО.

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

 „Новиот сој може да ја влоши ситуацијата“.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото

Но стапката на невработеност паѓа.

Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси 600.000 нови вработувања во ноември, објавена претходно од Министерството за труд на САД.

Иако Министерството денеска објави друга бројка – дека во ноември биле вработени 210.000 лица, помалку од половина во октомври и многу помалку од предвидените 500.000 со оглед на празничниот период, според извештајот, двете бројки се разликуваат бидејќи едната е од анкетирани работодавачи, а другата е од домаќинствата.

Американската економија се враќа на ниво пред пандемијата, но мошне споро. Бројките покажуваат дека дел од Американците кои ја изгубиле работата поради пандемијата се враќаат на пазарот на трудот. Од анкетите на домаќинствата се дознава дека речиси 600.000 лица се вратиле на работа во ноември.

Тоа во ноември го зголеми влијанието на работоспособните Американци кои имаат работа или ја бараат до 61.8 отсто, споредбено со 61.6 отсто во октомври. Сепак, во САД во моментот се вработени 2.4 милиони луѓе помалку во споредба со периодот пред пандемијата.

Економистите сметаат дека силниот берзански пазар и високите цени на станбената недвижност ја зголемиле благосостојбата на многу Американци што придонело за тоа предвремено да се пензионираат. Исто така, многу домаќинства имаат огромни заштеди и нивните члеови не се брзаат да најдат работа.

Покрај тоа во САД се забележува и пораст на самовработувања.

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер.

На брифинг во Женева тој рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во јужна Африка.

– Многу е за пофалба што производителите на вакцини веќе почнаа да прават планови согласно кои веројатно ќе треба да ја приспособат постоечката вакцина, рече тој додавајќи дека „е добро да не се чека да заѕвони алармот".

Линдмаер сепак нагласи дека ќе биде потребно уште некое време и оти не треба да се брза со заклучоците. Според него, прелиминарните податоци покажуваат дека има поголема преносливост, но оти во суштина тоа е сè што засега се знае.

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

притисни ентер