Ристовски: Потребно е повторно пребројување на гласовите

Од политичката партија Интегра велат дека на парламентарните избори забележале бројни нерегуларности и дека ќе побараат повторно пребројување на гласовите и проверка на неважечките ливчиња.

Доколку тоа не се случи, велат дека според нив потребно е повторно одржување на изборите.

Македонска конзервативна партија – ИНТЕГРА бара да се направи увид во неважечките гласачки ливчиња од вчерашните предвремени парламентарни избори зашто, како што рече на прес-конференција претседателот на партијата Љупчо Ристевски, „постојат сомнежи дека во тој дел е вршен изборен инженеринг по моделот на осумтемина велепрадавници за уставните амандмански промени што има за цел да ги неутрализира гласовите дадени за промакедонските партии".

Ристовски побара државните органи да ги расчистат сериозните сомневања во јавноста и да понудат материјални докази за кредибилноста на изборниот процес.

-Не смее да се доведе под прашање највисокото демократско право на глас и со тоа да се компромитира целиот изборен процес. ДИК до одвој момент сеуште нема никави официјални податоци за изборните резултати, а имаме информација лично дадена од преседателот на ДИК дека имале хакерски напад. Како знаат дека досега објавените податоци во јавноста не се објавени од хакерите и како нас ќе не убедат дека податоците кои струјат во јавноста се исправни и веродстојни и се податоци на ДИК, праша Ристовски на денешната прес-конференција.

Лидерот на ИНТЕГРА посочи дека тоа создава сериозно основано сомневање за кредибилноста на изборниот процес во делот на резултатите и е доволен аргумент дури и да се поништат изборите или да се стават резултатите на стенд бај се додека, потенцира, независна наднационална комисија со меѓународно учество на правни експерти не утврди со аргументи и материјални докази дека се било во ред.

Според него, ниската излезност од 51 процент го задржуваат Заев и Социјалдемократскиот сојуз на власт. Тоа, како што нагласи, е со цел да се доврши „бугарското велепредавство" и да продолжи „коленичењето пред Ахмети и ДУИ" и како држава во пакет да добиеме „албански и бугарски јазик за нашите основци".

-Остануваме на нашите отворени сомневања дека ДПНЕ продолжува да го игра тангото со ѓаволот на сметка на македонските национални и стратегиски интереси, под команда на Будимпешта или не, сега е веќе сеедно. Опозициската парламентарна ДПНЕ остана доследна на нашите сомневања дека на овие избори ќе одработуваат за да остане Заев и Социјалдемократскиот сојуз на власт по моделот на ниска излезност. Во континуитет предупредувавме дека со постојаното одложување на датумот до периодот на годишни одмори, како и со континуираната кампања летувајте во Македонија тие хируршки прецизно си ја завршија својата зададена задача да се анестетизира и неутрализира поривот на Македонците за промени, на тие 20 или 30 проценти на неопределени или луѓе кои се уште не знаеа за кого да гласаат, а сепак беа против СДС и ДПНЕ, рече Ристовски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека дијспората не препознала доволни авторитети во нив како дел од патриотскиот блок промакедонски партии со што, како што рече, се изгубиле два значајни лоста кои имале за цел да ја спречат евентуалната кражба или манипулација со гласови на промакедонските партии и да ја ослободат енергеијата и слободарскиот дух кај македонскиот народ. Недоволен, како што рече, бил и медиумскиот проток од еден процент за да се пробијат нивните идеи до гласачите.Порача дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може да изврши сериозен притисок за да се поништат изборите и да се оди на нови повторени предвремни парламентарни избори.

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

притисни ентер