Ристовски: Нема веќе препишување за наставник и директор

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култира (СОНК) иницира изработка на две нови законски решенија. Првиот предлог-закон е за обука и испит на директор за основно, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Вториот предлог-закон е за стручен испит на наставник, стручен соработник и воспитувач во основно, средно училиште и ученички дом.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес-конференција истакна дека овие реформи ќе придонесат за зголемување на квалитетот и за унапредување на воспитно-образовниот систем во земјата. Овие две законски решенија веќе се подготвени, усвоени од Владата, а во текот на следната недела ќе се најдат во собраниска расправа.

Првиот предлог-закон, според Ристовски, ќе обезбеди еднакви услови за квалитетна обука и полагање на испитот за директор, транспарентност во полагањето и поквалитетен менаџерски кадар во образовните установи.

Секој кандидат за директор ќе треба да помине основна обука, по што ќе го полага испитот со кој ќе биде проверена неговата стручна оспособеност за раководење и организирање на работата во училиштата. Обуката ќе се реализира низ шест модули и ќе биде поделена на три дела - непосредна обука, индивидуална работа, односно подготовка на семинарска работа и презентирање.Обуките ќе ги организира Државниот испитен центар.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши основната обука за директор, ќе се стекне со право на полагање испит, ќе треба да достави пријава до Државниот испитен центар, кој пак, формира Испитна комисија. Испитот за директор ќе се полага два часа и ќе состои од три дела. Првиот и вториот дел се однесуваат на практична проверка на компјутерски вештини, проверка на способноста за примена на теоретските знаења и презентација. Кандидатите ќе треба да одговорат точно на минимум 80 отсто од вкупно 50 прашања кои по случаен избор ги одбира електронскиот софтвер во чија база ќе има 300 прашања. Успешноста во првите два дела е виза за полагање на третиот дел, одбрана на завршниот семинарски труд на тема којашто исто така, ја избира електронскиот систем од базата на теми.

Стекнатото уверение престанува да важи ако кандидатот не биде избран за директор во период од пет години, од денот на издавање на уверението. Доколку се случи тоа, кандидатот по петтата година ќе треба да ја повтори целата постапка.

Вториот предлог-закон предвидува полагање испит за кандидатите кои го завршиле приправничкиот стаж во училиште и имаат позитивна потврда за процена на карактеристики за подобност со работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност. Испитот треба да се положи во рок од шест месеци, а најдоцна една година по завршувањето на приправничкиот стаж. На кандидатите кои ќе го положат испитот ќе им се издаде лиценца.

За кандидат-наставник, испитот ќе се состои од три дела-теоретски или проверка на теоретското знаење, практичен или проверка на способноста за одржување на наставен час и подготовка и одбрана на зададена домашна писмена работа заради проверка на стручното знаење. Испитот за кандидат-стручен соработник и воспитувач се состои од два дела-теоретски и подготовка и одбрана на зададена домашна писмена работа.

Досега, како што рече Ристовски, кандидатите за стручниот испит за домашна работа, многу често, ако не и вообичаено, изнаоѓаа веќе готови стручни трудови од друг кандидат, кој пред нив полагал. Ја менуваа само предната страница, ги наведуваа своите лични податоци и го аплицираа таквиот документ.

- Сега, софтвер ќе ја бира темата за секој кандидат. Шифриран ќе биде неговиот податок, нема да се знае кој е кандидатот за да се избегнат влијанијата и ургенциите кај соодветната комисија, која е формирана за да го оцени квалитетот на стручниуот труд на кандидатот, нагласи Ристовски.

Испитите ќе се полагаат според програма која содржи стручна материја, прописи и правна литература, а ќе се реализираат од страна на испитни комисии формирани од министерството.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков информира дека за нив од клучен интерес во образованието е да се вработуваат само најдобрите наставници.

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

притисни ентер