Ристовски: Ги испуштивме конците како држава - Канал 5

Ристовски: Ги испуштивме конците како држава

„Со години наназад на патот Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово се истакнува само Албанското знаме под изговор дека е приватен имот и се злоупотребува законот за знамиња“.

Ристовски: Ги испуштивме конците како држава

Ова е еден сериозен маркер до каде е остварен политичкиот суверенитет на државата на цела територија на Македонија. Знамето е едем од најважните симболи што ја дефинира националната гордост, затоа и кривично се одговара за тоа кинење, палење, нема играње со таа работа. Со години наназад на патот Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово се истакнува само Албанското знаме под изговор дека е приватен имот и се злоупотребува законот за знамиња. Македонија периодов треба да работи на неколку клучни можеби стратегиски одредници, а тоа е да ги среди државните симболи. Ние како политички елити не покажавме стаменитост во однос на националното знаме, ние дозволивме да го менуваме под притисок, заради влез, прогрес во ЕУ, кој еве трае 25 години. Вие како политички елити не сте покажале државнички став кон државната гордост знамето, логично е и другите така да се однесуваат. Не сме го решиле прашањето на грбот., немаме остварено целосен политички суверенитет на целата територија. Синоќа цело Тетово имаше знамиња на голема Албанија, палењето на Македонското знаме е сериозен маркер за иредентизам, национал-шовинизам, дури и на граница на фашизам. Ние имаме сериозни проблеми со политичките елити на албанската етничка заедница кои градат психоза кај своите да не да не го почитуваат македонскиот устав, грб, јазик, прво -второ одделение не знаат Македонски јазик. Ние сме ги испуштиле конците како држава, рече Љупчо Ристовски, во Само Вистина.

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.

“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.

Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.

Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.

Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.

Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.

Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.

Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Владата на Србија итно издвојува три милиони евра за помош на најпогодените на пожарите во државата

 Српската Влада ќе обезбеди три милиони евра за помош на оние кои се најмногу изложени на ризик од пожарите, изјави првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали.

Владата на Србија итно издвојува три милиони евра за помош на најпогодените на пожарите во државата

Тој рече дека владата донела одлука со која се издвоени дополнителни средства од тековната резерва на буџетот за санација на штетите предизвикани од пожарите што зафатија неколку области во Србија.

„Во изминатите денови, нашата земја беше погодена од катастрофални пожари, што, особено на југот на Србија, зафатија цели села, уништувајќи домови, имоти и се што луѓето граделе со децении. Владата на Република Србија реагираше веднаш - на денешната седница донесовме одлука итно да издвоиме 350 милиони динари, или три милиони евра, од буџетската резерва, за санирање на штетите, помош на најранливите и реконструкција на погодените подрачја. Владата на Република Србија, која денеска го имаше својот прв состанок, а чија задача, меѓу другото, ќе биде собирање податоци за штетите“, наведено е во соопштението на Министерството.

Погодените од пожарите ќе добијат средства за обнова на нивните домаќинства што е можно поскоро, како и за санирање на штетите во земјоделството и сточарството.

ДОМ: Томас Вајц ја пренесе вистинската слика за Македонија во Европскиот парламент

ДОМ укажува дека и покрај разочарувачките амандмани, овој извештај не смее да стане дополнителен изговор за застој на европскиот пат на земјата. 

ДОМ: Томас Вајц ја пренесе вистинската слика за Македонија во Европскиот парламент

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатува јавна благодарност до европратеникот и специјален известувач на ЕП за Македонија, Томас Вајц, за неговата принципиелна, доследна и храбра поддршка за Македонија и нејзините граѓани и граѓанки во процесот на европската интеграција.

Во својот извештај и во обраќањето пред Европскиот парламент, Вајц ја прикажа вистинската слика за нашата земја: стабилна, мирољубива, мултиетничка заедница која со години ги исполнува европските очекувања, иако постојано се соочува со нови политички пречки. Неговите зборови дека Македонија е „доверлив партнер“, целосно усогласен со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, се потсетник за нешто што не смее да биде запоставено, а тоа е дека лојалноста и посветеноста заслужуваат институционално признание од ЕУ.

Воедно, во овој контекст, со сериозна загриженост гледаме на фактот дека Европскиот парламент усвои амандмани со кои од извештајот се избришани формулации што се однесуваат на македонскиот јазик и идентитет, прашања кои допираат до суштината на достоинството и самоопределувањето на секој народ. Ваквиот пристап не придонесува за доверба во процесот и остава горчлив впечаток кај граѓаните и граѓанките на Македонија, без оглед на тоа кои евро-пратеници гласаа за извештајот.

Истовремено, ДОМ укажува дека и покрај разочарувачките амандмани, овој извештај не смее да стане дополнителен изговор за застој на европскиот пат на земјата. Процесот на уставни измени, но и борбата против корупцијата и враќањето на довербата во судството и општо во државата, остануваат нужна обврска за отворање на пристапните преговори и за исполнување на меѓународните обврски што Македонија ги има преземено.

Во духот на искреното пријателство што го демонстрира европратеникот Вајц, ДОМ потсетува дека Македонија треба со истата сериозност да ги прифати и неговите забелешки за економските и еколошките предизвици. Недоволното искористување на европската поддршка, потребата од инвестиции во стручни и млади кадри и загубата на човечки капитал мора да станат централни прашања на македонската политичка сцена. Како зелена партија, ДОМ ја препознава и пораката за заштита на природното наследство, справување со нелегалните депонии, загадувањето и системското занемарување на животната средина.

ДОМ

притисни ентер