Ристевски: Најголем изговор е „му вршеа притисок“ -па што не си дадеш оставка?! - Канал 5

Ристевски: Најголем изговор е „му вршеа притисок“ -па што не си дадеш оставка?!

„ Контрола значи пет пати да прочиташ и провериш, ако не да го вратиш“

Ристевски: Најголем изговор е „му вршеа притисок“ -па што не си дадеш оставка?!

На одговорна функција се стапува за да се врши контрола, ако нешто не е во ред, а има една цела постапка на пример кога се гради објект, се знае секој која тула ја градел. Контрола 5 пати да прочиташ и провериш, ако не да го вратиш. Најголем изговор е „на Петко му вршеа притисок“ па што не си дадеш оставка? Или излези јавно, или ќе преќутиш, ќе си намигнеш и „како до сега“, затоа не не' бива. Имаш ли закони за заштита и спасување? Во кој главен град на Балканот има автомобили качен на тротоар? Каде се видело на булевар 200 км на час да се вози? Ете да заборавиш да ставиш каиш или да возиш 60 на дозволено 50 км на час, но возење без возачка дозвола, тоа е како обид за убиство. Кога сме слушнале дека некој со Лада или Пунто да направил поголем прекршок? Не, туку се гази со џип-ови, со БМВ-а, тоа се збеснати луѓе, поради пари стануваат монтруми на улиците. Ако завршиш во затвор, ќе мораш да почитуваш, рече Александар Ристевски во Само Вистина.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“.

Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.

Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.

- Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“. /МИА

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

​Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица.

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Апасиев и Левица се демаскирани. Толку од нивната пропаганда дека се чесни, скромни и работници. Преку ноќ, тие станаа могули со кафулиња, врз грбот на нивните членови.

Апасиев да одговори на што ги троши чланарините на неговите членови? Дали за деловни простории, џипови или луксузни одмори во Грција?

Апасиев и Левица се прочитани!

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона.

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти тренерската должност на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Неговиот наследник Франциско (45) потпиша договор до 2027 година.

Реал Сосиедад е десеттопласиран на табелата во Ла Лига со 42 бодови и сè уште има шанси повторно да се квалификува за европските натпреварувања. /МИА

притисни ентер