Рикелме ја изневерил сопругата со уругвајскиот модел Моника Фаро?!

Главно прашање во медиумите во Јужна Америка е дали поранешниот член на каталонскиот фудбалски гигант Барселона, Аргентинецот Роман Рикелме успеал да и одолее на убавата Уругвајка Моника Фаро.


Јужноамериканските медиуми шпекулираат дека поранешниот репрезентативец на Аргентина Роман Рикелме имал секс афера со уругвајската убавица, моделот Моника Фаро.



Засега во јавноста излезе само уругвајскиот модел Моника која ги демантираше овие тврдења и изјави :
„Роман Рикелме е оженет човек, а јас не сум девојка што смета во бракот..“

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

Амбасадорката Брнз на Твитер: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз се огласи на Твитер за избориуте во земјава. 

-Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз.

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

На 84 избирачки места во Општина Велес од вкупно 45.989 регистрирани гласачи, до 11 часот излегле 19,67 проценти или 9.046 граѓани со прави на глас.

Како што информира за МИА, претседателката на ОИК, Лили Велковска, на сите избирачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.

притисни ентер