Рибароски: Со новите тарифници на Катастарот услугите за поскапени за 100, 200 и 500 %

​ Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори бара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов.

Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори бара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов, а со кои, како што велат од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги. Бараат итна средба со премиерот, а доколку во наредните две недели не им бидат понудени решенија со рокови за исполнување на барањата, најавуваат радикализација на делувањето на Комората, во која членуваат 140 геодетски друштва.

Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи, денеска на прес-конференција рече дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без никаква консултација со нив, а истовремено одбива да им го одобри новиот тарифник за корекција на цените иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време.

Наведувајќи примери, посочи дека досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, а со зголемувањето износот ќе биде 1.552, односно за повеќе од 100 отсто.

-Како најголем парадокс, би го навел најголемото зголемување на цената за купување на податок за координати на геодетска точка, што досега чинеше 67 денари, а сега е 409 денари. Ова дотолку повеќе што условите налагаат дека овој податок речиси и да не се употребува, а мора да биде купен при изработка на секој елаборат. Анализата која ја направи Комората за свои потребни покажува дека ако досега просечно годишно едно геодетско друштво кон Агенцијата имало трошоци од 111.450 денари за 150 предмети, сега овој трошок е 232.000 денари, рече Рибароски.

Од Комората, која делува во рамки на Сојузот на стопански комори, тврдат и дека УО на АКН не постапува по нивното барање за нов тарифник што го доставиле уште во 2019 година, а со кој ќе има корекција на цените на услугите кои ги наплаќаат геодетските друштва.

– Цените на нашите услуги се од 2013 година иако досега реалните трошоци се значително зголемени. Со зголемување на тарифникот на Агенцијата практично се наоѓаме во состојба најголем дел од средствата кои ние ги наплатуваме од граѓаните да се за трошоците кои ги имаме кон АКН, додека за геодетското друштво да остануваат недоволно средства со што во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на фирмите, рече Рибароски, порачувајќи дека е потребна итна ревизија на цените на тарифникот на Агенцијата.

Како голем проблем што директно се одразува на работењето на геодетските друштва, посочи Рибаровски, е и тоа што многу често електронските системи на АКН се надвор од функција, иако компаниите имаат договори за непречено користење на електронските системи на Агенцијата и за истото редовно плаќаат. Со ова, посочи, приватните компании се спречени да ги извршуваат своите секојдневни работни задачи.

Според Рибароски, работењето на геодетските компании е директно загрозено и од тројцата членови на Управниот одбор на Комората на геодетски друштва, кои се предложени од Агенцијата за катастар за недвижности и кои, тврди тој, наместо да даваат предлози и да носат одлуки за унапредување на работењето на компаниите, ги штитат интересите на Агенцијата и вршат грубо кршење на нејзината независност.

-Комората досега неколку пати побара измена на Законот за катастар на недвижности со цел да се создадат законски можносности за избор на независни членови на УО, рече Рибаровски. Во насока на тоа ја поздрави одлуката на Државната комисија за спречување на корупција која, како што рече, утврдила дека постои судир на интерес и влијание од страна на Агенцијата врз Комората и дава препорака за итна промена на Законот кој го пропишува составот на УО на Комората.

Комората и забележува на АКН и за тоа што одбива да вклучи тимови од геодетската фела при Комората во работните групи за подготовка на нови законски решенија.

За сите проблеми Комората испратила 17 дописи до директорот на АКН и до Управнот одбор, на кои, наведе Рибароски, или не е воопшто одговорено или добиениот одговор е несоодветен. Реализирани се и три средби со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а вчера доставиле барање и до премиерот Димитар Ковачевски.

– Револтот на нашите членки е толку голем, што скоро сите повикуваа на преземање на радикaлни чекори со цел да биде слушнат гласот на приватните компании и да се најдат решенија за спас од погубните политики. Радикализацијата меѓу другото би значела целосен колапс на катастарското работење и на повеќе сектори, информира Рибароски на прес-конференцијата.

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

притисни ентер