Софија Вергара за прв пат се огласи по разводот: Секогаш има простор за добри работи

Софија Вергара за прв пат проговори за нејзиниот развод откако таа и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Џо Манганиело објавија дека се разделуваат по седум години брак.

„Многу работи се променија, ми се случија многу лоши, луди и добри работи“, изјави таа за Entertainment Tonight.

Актерката истакна дека имала напорна година, но дека не може да се пожали. "Имав добри, добри времиња. Секогаш има простор за добри работи кои доаѓаат", рече таа. Таа додаде дека со нетрпение ги очекува работите што ѝ доаѓаат, оптимист е и со нетрпение ја очекува новата серија во која глуми.

Станува збор за претстојната серија во која Вергара глуми нарко бос. Новиот проект доаѓа во јануари следната година, а многумина со нетрпение го очекуваат бидејќи доаѓа од креаторите на хит серијата Narcos. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ги режираше сите шест епизоди.

Инаку, Џо и Софија веста дека се разведуваат ја објавија во јули оваа година, а само два дена подоцна официјално поднесоа барање за развод и изјавија дека датумот на разделба е 2 јули.

Манганиело (46) неодамна беше фатен како излегува од теретана со наводната нова девојка, актерката Кејтлин О'Конор, која има 33 години, 18 години помлада од Софија, која има 51 година.

Активистите кои ја обоија Бранденбуршката порта, со закана за маратонот во Берлин

Активисти од германското движење Letzte Generation се закануваат дека ќе го затворат Берлинскиот маратон во недела, една недела откако со спреј го бојадисаа споменикот кај Бранденбуршката порта, целта на настанот.

„Ќе го прекинеме маратонот. Не можеме да побегнеме од климатската катастрофа“, велат од движењето, без да наведат дополнителни детали. Letzte Generation веќе се обиде на 12 септември, во заедничка акција со француското движење Derniere Renovation, да го прекине фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Франција во Дортмунд.

Акцијата не успеала, а пред тоа биле уапсени четворица активисти.

Меѓутоа, во неделата, активистите успеаја да ја испрскаат Бранденбуршката порта, најпознатиот споменик во Берлин, за да повикаат на забрзување на излезот од фосилните горива и поактивна борба против глобалното затоплување. Чистењето на портата, изградена на крајот на 18 век, сè уште не е завршено бидејќи е неопходно да се нанесе специјален производ за отстранување на обоените честички на блоковите.

„Се надеваме дека нема да се случи ништо лошо во однос на демонстрациите, но имаме планови да се справиме со такви случаи“, рече Јирген Лок, генерален директор на маратонот.

„Организаторите и берлинската полиција работат заедно за да обезбедат непречено одвивање на трката“, додаде тој, апелирајќи „секој што има намера да протестира да не се меша директно во настанот“.

Татко - херој: Се удавил додека го спасувал својот син (ВИДЕО)

Американецот Гери Симард (44) се удавил на плажа во Масачусетс додека се обидувал да го спаси својот син.

Тој кобниот ден бил на плажа со семејството. Неговиот син пливал во океанот, кога струите наеднаш го одвлекле од брегот во длабочините.

Гери го слушнал како вика за помош, а потоа се втурнал во водата за да го спаси.

Неговиот син бил извлечен на безбедно од двајца пливачи, но Гери за жал се удавил.

Лекарите од Итната помош се обиделе да го реанимираат на плажата, бил префрлен во болница, но сепак починал.

Семејството на Гери го опишале како голем херој кој живеел за своите деца.

"Мојот син е херој. Го спаси својот син и го загуби животот", изјавила неговата мајка Линда.

Зад себе ги остави сопругата и четирите деца, објави Њујорк Пост.

притисни ентер