Ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар или клуч на врата

Ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар или клуч на врата на геодетските компании, Комората на трговски друштва за геодетски работи го крена гласот против новите тарифници .

Ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар или клуч на врата на геодетските компании, Комората на трговски друштва за геодетски работи го крена гласот против новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности што стапија во сила на 19. месецов. Од таму велат дека на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги со донесените нови тарифници на Катастарот, услугите се поскапени за речиси пет пати. Тие бараат итна средба со премиерот, а доколку во наредните две недели не им бидат понудени решенија со рокови за исполнување на барањата, најавуваат радикализација на делувањето на сите 140 геодетски друштва кои што членуваат во Комората.

„ Како најголем парадокс, би го навел најголемото зголемување на цената за купување на податок за координати на геодетска точка, што досега чинеше 67 денари, а сега е 409 денари. Ова дотолку повеќе што условите налагаат дека овој податок речиси и да не се употребува, а мора да биде купен при изработка на секој елаборат. Анализата која ја направи Комората за свои потребни покажува дека ако досега просечно годишно едно геодетско друштво кон Агенцијата имало трошоци од 111.450 денари за 150 предмети, сега овој трошок е 232.000 денари. “-Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Од комората велат дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без консултација со нив, а истовреме не им го одобруваат новиот тарифник за корекција на цените иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време. Велат дека и пред три години доставиле нов тарифник до Агенцијата за Катастар, но и тогаш не ги коригирале цените.

Од комората се жалат и на се позачестениот прекин на електронските системи на Катастарот, кои се се надвор од функција, што дополнително им ја отежнува секојдневната работа. Тие ја поздравија и одлуката на Државната комисија за спречување на корупција која, како што рече Рибароски утврдила постоење судир на интерес и влијание од страна на Агенцијата врз Комората и дава препорака за итна промена на Законот кој го пропишува составот на УО на Комората.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер