Ретки и скапоцени книги од Њутн и Галилеј се најдени во зафрлено село во Романија(ВИДЕО)

Исклучително ретки и скапоцени книги во вредност од над 9 милиони фунти се пронајдени под куќа во романско село, пренесоа британските медиуми.

Книгите биле украдени од магацин во Западен Лондон пред неколку години.

Романската полиција објави снимка од пронајдените книги, меѓу кои и скапоцените први изданија на автори како познатите научници Галилео Галилеј и Исак Њутн.

Акцијата, во која се пронајдени околу 200 ретки книги, беше кулминација на полициската акција што траела повеќе од три години и вклучувала рации на повеќе од 45 адреси во три земји,а за се обвинети 13 лица.

Книгите биле украдени во јануари 2017 година од поштенски магацин во Фелтам, каде биле привремено сместени пред да бидат префрлени во Лас Вегас на аукција на ретки книги. Двајца мажи, Даниел Давид и Виктор Опариук, упаднале во магацинот со сечење дупки на покривот на магацинот и со јажиња се спуштиле во зградата. Во кражбата што Гардијан ја опишува како акција од акционата серија „Невозможна мисија“, крадците се држеле за полиците за да ги избегнат сензорите што ќе го активираат алармот.

Кражбата траела околу пет часа, а крадците го напуштиле магацинот на ист начин како што влегле. Третиот човек, Нарцис Попеску, ги чекал во автомобил паркиран во близина, и сите тројца побегнале од местото на настанот. Автомобилот подоцна бил пронајден, исчистен со варекина, што укажува на внимателно испланирана акција.

Но, автомобилот не бил исчистен доволно добро, па истражителите пронашле траги на ДНК од еден од крадците на потпирачот за глава. Мажите биле уапсени и осудени, а истражителите на крајот дошле до селото Неамт во североисточна Романија.

Локалната полиција во средата извршила претрес во една селска куќа и ги пронашла книги, меѓу кои и реткото издание на Њутн, Принципиа, една од најпознатите и највлијателни научни дела во историјата.


Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стојаноска: Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

„Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат.

Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош.

Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење

Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје (ОЈОГОКК) против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип, заради основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета, соопштија од СПМ.

Според Синдикатот, пријавените ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот на спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, па се до изрекување на решение на министерот за внатрешни работи.

-Иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение, се вели во соопштението на СПМ.

притисни ентер