Републиканец сакал да влезе во зградата на Конгресот на САД со наполнет пиштол

Полицијата во Капитол го истражува инцидентот со републикански пратеник, кај кого нашле наполнет пиштол додека се обидувал денеска да влезе во Претставничкиот дом, откри официјален претставник на Капитол.

Републиканскиот претставник Енди Харис, застапник за правата на оружје, имал огнено оружје додека вчеравечер ја минувал безбедносната проверка на пат кон Претставничкиот дом.

Републиканецот од Мериленд тогаш се обидел да му го предаде пиштолот на републиканецот Џон Катко кој одбил, велејќи му дека нема дозвола, се вели во извештајот.

Детекторите за метал се поставени пред Претставничкиот дом за зајакнување на безбедноста по нападот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на Капитол на 6 јануари. Во немирите загинаа пет лица, а пратениците мораа да се кријат.

Неколку републикански пратеници, жестоки поборници за правата на оружје, протестирале против детекторите за метал, а некои ги игнорирале.

Канцелариите на Харис и Катко не одговориле на истрагата за случајот. Полицијата во Капитол не била достапна за коментар.

Официјален извор од Капитол, кој сакал да остане анонимен, рече дека на пратениците им било дозволено да имаат оружје во областа Капитол ако не се наполенти пиштолите, но не им е дозволено да влезат во Претставничкиот дом.

Харис го напуштил Капитол и се вратил за помалку од 10 минути. Тој ја поминал безбедносната проверка и му било дозволено да влезе во долниот дом, се вели во извештајот.

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси повика на промена на правилата со кои се регулираат казните за оние што не ги почитуваат безбедносните протоколи - 5000 американски долари за прв пат и 10 000 долари за втор прекршок да им бидат одземени од платите на пратениците. Долниот дом на парламентот допрва треба да гласа за предложениот амандман.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер