Република Албанија е наш пријател, во ова време не размислуваме за избори, посочи Пендаровски - Канал 5

Република Албанија е наш пријател, во ова време не размислуваме за избори, посочи Пендаровски

Значи, помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас. 

Република Албанија е наш пријател, во ова време не размислуваме за избори, посочи Пендаровски

Помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја средбата на Еди Рама со лидерите на партиите на Албанците која се одржа завчера во албанскиот главен град.

– Децении наназад тогашната Социјалистичка Република Албанија безбедносна закана за нас. Значи, помина одамна времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како на безбедносна закана за нас. Немојте да заборавите, Република Албанија е членка на НАТО, Република Албанија заедно со нас почна преговори за ЕУ. Република Албанија е наш пријател, воопшто немам никаков сомнеж во некакви задни намери на албанскиот премиер кој го знам прилично добро, а го знаете и сите вие. Не мислам дека таму се креираат некакви антимакедонски сценарија, рече Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања по денешната амбасадорска тркалезна маса, „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Македонија членка на ЕУ до 2030 година“ во организација на Советот на Амбасадори.

Претседателот потенцира дека не гледа никаква лоша позадина на таа средба и посочи дека сите тие претставници од албанските политички партии кои беа во Тирана месеци наназад кажаа дека ќе поддржат промени на Уставот.

Пендаровски истакна дека сега сме во време во кое не се размислува за избори, посочувајќи дека врвен политички приоритет е промената на Уставот.

– Имавме режим во тоа време на заминување, имавме тукушто завршени избори и имавме една нормално политичко позиционирање на албанските политички субјекти во однос на тоа со кого да бидат во следната власт. Сега сме далеку од избори, значи не сме во предизборен период, не можам да видам дека има позиционирање и од тој аспект како што сугерираат. Значи, ние сме сега во време во кое не размислуваме за избори. Во овој момент врвен политички приоритет во оваа смисла во која прашувате е можеби промената на Уставот. Меѓутоа, од тој аспект нема потреба Еди Рама да ги вика албанските политичари во Тирана кога тие не прават проблем за промена на Уставот, овие барем што беа во Тирана, рече Пендаровски.

Завчера во Тирана на средбата свикана од албанскиот премиер Еди Рама учествуваа Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса. На средбата, како што посочија присутните претседатели на политичките партии на Албанците, е разговарано за европската иднина на двете земји и за уставите измени.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

притисни ентер