Репрезентативец на Македонија бил прободен три пати со нож од борач на „Лирија“

Управниот одбор на борачкиот клуб „Бучим-Радовиш“ од Радовиш, кој е Европски и Светски клупски првак, по одржаниот состанок ја известува македонската јавност за немилиот настан што се случи за време на одржувањето на Меѓународниот турнир во борење.

Настанот се случил на 12.09.2021 год во Скопје, на Меѓународниот турнир во борење слободен стил во организација на боречкиот клуб „Вардар“, каде имаше намера за убиство на наш борач-репрезентативец на Македонија.

Имено, по нарушениот ред и мир на трибините на спортската сала во насебата Радишани од страна на борачите на борачкиот клуб „Лирија“, физички ги нападна борачите на Радовиш, при што еден од борачите на Лирија со остар предмет (нож) крвнички го прободува борачот на „Бучим“ со три убоди во пределот на бутот на десната нога. Толпата од борачи на борачкиот клуб Лирија се дава во бегство кршејки една споредна врата од салата, при тоа криејки ја главата на борачот-сторител со тренерка, за да се избегне негова идентификација. По укажаната лекарска помош, претседателот на БК „Бучим-Радовиш“ со сопствено возило го носи борачот во Ургентниот центар во државната болница каде е примен и му е напревен соодветен третман. Се работи за борач кој е репрезентативец на Македонија за кадети и е најдобар во својата возрасна категорија.

Расправајки по овој несакан настан, каде има обид за убиство со умисла, Управниот одбор на борачкиот клуб „Бучим-Радовиш“ од Радовиш од Борачката Федерација на Македонија и организаторот на турнирот БК.„Вардар“ преку делегатот на турнирот и од Министерството за внатрешни работи, каде службени лица излегоа на лице место, ги достават сите поединости како настанал овој случај и ги достават за понатамошно процесуирање и бидат казнети организаторите.

Бараме доживотно суспендирање на наведениот борач (кој е пронајден) , а борачкиот клуб Лирија чиј член е сторителот на крвавиот настан, биде најостро казната со напуштање на натпреварите во домашните и мегународните натпревари, во одреден временски период. Исто така бараме од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет, кои се главни финансиски подржувачи на борењето во Македонија, превземат соодветни казнени мерки против клубовите и поединците кои се носителите на ваквите настани на спортските терени , посебно против спортистите кои го загрозуваат животот и здравјето на своите противници.

Борачкиот клуб „БУчим-Радовиш“ по целосното расветлување на случајот ке покрене и приватна кривична пријава против сторителите за надоместок на последици од обид за убиство како и финансиско обештетување за трошоците што ке настанат со лекувањето на борачот.

БК “Бучим-Радовиш“Радовиш

Радовиш

Управен одбор

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер