На овие прашања можат да се дадат многу одговори. Но, на последното каква е сликата што оние кои не живеат тука најчесто како спомен носат од Македонија можеме да се даде конкретен одговор. Еве го во неколку минути.
Главниот град и слика на државата, а центарот лицето на нацијата. Правиме мала обиколка во строгиот центар на градот. Почнуваме од централниот парк – Жена борец.
Движењето тука е буквално небезбедно. Пешаците можат да се повредат во дупките. На делови недостасува патека. Фонтана за вода нема потреба да се коментира. Пешаците и велосипедистите се пробиваат низ руинираните патеките. Смет е расфрлан по зеленилото. Целата урбана опрема во околината е поткршена.
Тргнуваме кон гордоста на Скопје Градскиот Трговски Центар. Ова се скалите кои водат до него. Ако го кренете погледот ќе ги видите кулите. Сместени во срцето на градот изгледаат постапокалиптично. Наоколу смет. Тука пред влезот на трговскиот не пречекува и девастираната зграда на ЕСМ. Со години странците не исмеваат или жалат за ова што се случува во центарот на Скопје.
Ако порано на убавините на ГТЦ се воодушевуваа архитектите, а дојде да го види и Маргарет Тачер, денес тој пропаѓа. На места е срушен, а хигиената е под секое цивилизациско достоинство. На местото каде што порано беше култната Ванила, сега има светкава коцкарница. Се движиме низ трговските кон 13 Ноември. Во самиот објект веќе се формираат мини-депонии.
На кејот на Вардар не пречекува нереален призор. Распаднато огромно нешто кое го викаат галија. Околу неа ѓубре. Зачудените туристи ја фотографираат.
Погоре жалните врби се навистина жални. Матната и загадена вода на Вардар се дополнува на амбиентот. И новоизградените мостови веќе се излупени и окружени со ѓубре. Вегетацијата добро напредува на скалите на којот. Корпите за отпад превртени.
За неколку минути стигнуваме од симболот на Скопје – Камениот мост. Обраснат со дива вегетација и ишкртан со спреј, го дочекува сите кои сакаат да го видат. Разочараните туристи брзо го фотографираат и веднаш се оддалечуваат. Причина – тој се користи како јавен тоалет. Под сводовите има човечки измет. Миризбата е неподнослива.
Продолжуваме понатаму. Од камени најдобро се гледа ѓубрето во Вардар. Птици се пробиваат низ купишта отпад. Фонтаните кои со години наработат сега изгледаат вака. Ако погледните уште подолу ќе го видите ова.
Преку мостот стигнуваме на плоштадот кај Пајко маало. Фасадите на околните објекти изгледаат вака. Плочникот на многу места е уништен. Пред Скопската Стара Чаршија, најпосетуваното туристичко место во градот се стигнува преку ваква патека. Околината е бизарна. Несфатлива неуредност. Некои со нозе се обидува да го расчистат сметот. Знаците со патокази за туристите се искршени и бутнати на земја.
Се враќаме кон плоштадот да ги видиме и пешачките патеки во најстрогиот центар на градот. Искрешени плочки, непрописно паркиран автомобил и коцкарница. Призор надополнет со смет. Мини паркчето кое води кој Рекорд изгледа вака. Заштитни столпчиња искршени.
Фасадите во центарот на Скопје пак се приказна за себе. Речиси сите се во ужасна состојба. Некои повеќе наликуваат на тетрис, отколку на уредно лице на зграда во центар на метропола. Можеби тие најјасно ја покажуваат незаинтересираноста на надлежните за тоа како изгледа нашиот град.
Скопје, главен град на Македонија, членка на НАТО и кандидат за ЕУ. Заклучуваме дека нема ниту едно место во центарот на градот кое е уредено. Во лоша состојба се и Собранието, Владата, културните установи, важните државни објекти …
Ова е сликата за нас. Негрижа и распад кој после се не го заслужуваме.
Што за вас е предавство?