Рекордно висока бројка на новозаболени случаи од коронавирус

Бројката на новозаболени изминатото деноноќие на рекордни 120 и двајца починати... Најголемиот дел од нив заболените се од Скопје...

120 потврдени случаи на Ковид 19. Од стартот на епидемијата ова е највисока бројка на заразени со Ковид 19. Македонија го живее вториот бран на корона вирус. Најмногу од заразените се во Скопје 67, Куманово, 19 Штип 16, Тетово 9, Прилеп 4, Велес 2, гостивар, Неготино и Струмица со по еден потврден случај. Двајца не ја издржаа битката со опасниот вирус. 65 годишна пациентка од ГОБ„8ми септември“ од Тетово и нејзин сограѓанин 69 годишен пациент почина на инфективната клиника.

Во моментов активни се 843 случаи. Најмногу во Скопје 451, Штип 89, 88 Тетово, Куманово 85, Прилеп 32, Велес 31, Струга 18. Вкупно битката со корона вирусот ја изгубија 147 луѓе.

Министерот за здравство Филипче објасни дека мерките мора строго да се спроведат за време на тридневниот карантин и очекува дека бројката на ново заболени ќе се намали за една недела. Тој не посочи дали ќе се бара институционална одговорност со продолжената кризна состојба. Вирусот ќе остане може и во наредните пет години и граѓаните мора да почитуваат носење на маска, хигиена и дистанца.

Делегацијата на Европската Унија денеска донираше нови респираторни машини досега вкупно се донирани 20 за помош на интензивните одделенија каде се тешките болни.

Досега двајца пациенти од ГОБ„8-ми септември се изборија да ја да не се на респиратор. Во „ 8ми септември“ на респиратор се осум пациенти, а пет со потешка клиника слика. А на инфективна 19 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, 123 оздравени пациенти

По неколкудневни троцифрени бројки на заразени од коронавирусот, изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 88 новозаболени и тројца починати...

Со последните детали од пред Инфективната клиника го вклучуваме Игор Манасиевски...

Славија – најатрактивниот модел на Шкода (ФОТО)

Беше само прашање на време кога маркетинг-експертите на Шкода ќе го тестираат пазарот за модел со ова име.

Славија е легендарно име кое најчесто го поврзуваме со спортски и популарни тимови како Славија Прага, која е годинашен шампион на чешката лига. Шкода исто така забележува дека Славија може да се најде како термин во словенската митологија, како и името на астероидот откриен во 1972 година од чешкиот астроном Антонин Мркос. Конечно, познатото кафуле од 1930-тите на бреговите на Влтава во Прага се викаше Славија.

И кога станува збор за Шкода Славија, тоа е Спајдер верзија на Скала. Тоа е дел од проектот Азуби во кој студентите дизајнираат уникатен автомобил додека учат за технологијата на производство на автомобили, историјата на домашната автомобилска индустрија и денешните трендови.

Тимот во моментов работи на дизајнот на ентериерот. Седиштата на Спарко веќе пристигнаа , а поголемиот дел од пилотската кабина ќе се задржи. Затоа најголем предизвик останува прилагодувањето на конструкцијата на возилото откако ќе се отсече покривот.

Според концептот, автомобилот ќе има две врати, а задниот крај ќе мора темелно да се редизајнира. Веќе е подготвен спортски ауспух со централно поставена завршница. Исто така, постојат и RS-рамки и голем број надградби.

Проектот „Шкода Славија“ се очекува да заврши во текот на летото.

Уште една жртва на коронавирусот во Црна Гора, нови 66 заразени

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 66 нови случаи на коронавирус и еден смртен случај, објави денеска Институтот за јавно здравје.

Биле анализирани 479 примероци за коронавирус.

Пациент лекуван во Беране починал од компликации предизвикани од коронавирусот.

Станува збор за маж од Рожаје, додека во тек се лабораториски анализи за уште три смртни случаи во кои се сомнева дека причината за смртта била инфекција со коронавирус,от се наведува во соопштението.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 15, а две лица се опоравени.

„Од почетокот на јуни, вкупниот број регистрирани случаи е 963, со 15 потврдени смртни случаи, а во моментот 15 се откриени. Бројот на тековно активни случаи е 933“, се вели во соопштението.

Од Институтот за јавно здравје наведуваат дека вкупниот број тестирани во лабораториите на Институтот е 24.972 или 396,4 на 100.000 жители.

притисни ентер