Рекордни 2.341 новозаразени со Ковид-19, починале 26 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19.

Во Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.

Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 117574, Активни 11390

Куманово 14425, Активни 736

Прилеп 12455, Активни 754

Битола 12222, Активни 1613

Тетово 12089, Активни 492

Гостивар 8596, Активни 323

Кавадарци 8508, Активни 627

Велес 8218, Активни 409

Охрид 7753, Активни 682

Штип 7363, Активни 311

Струмица 6967, Активни 448

Кичево 4827, Активни 297

Кочани 4500, Активни 217

Струга 4278, Активни 268

Гевгелија 3587, Активни 404

Неготино 3014, Активни 228

Свети Николе 2353, Активни 112

Ресен 2260, Активни 231

Радовиш 2148, Активни 179

Крива Паланка 2142, Активни 107

Делчево 1704, Активни 159

Берово 1614, Активни 95

Дебар 1492, Активни 22

Валандово 1302, Активни 164

Виница 1259, Активни 49

Пробиштип 1238, Активни 39

Кратово 865, Активни 59

Богданци 823, Активни 83

Крушево 806, Активни 130

Демир Хисар 754, Активни 72

Македонски Брод 616, Активни 37

Македонска Каменица 486, Активни 45

Демир Капија 476, Активни 29

Пехчево 410, Активни 31

Дојран 204, Активни 14

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер