Рекордни 196 новозаразени од Kовид – 19, осуммина починати пациенти

Бранот од пандемијата на Ковид -19 зема се поголем замав во земјава, рекордни досега 196 нови случаи на ковид – 19 во последното деноноќие..

Регистрирани се и осуммина починати пациенти, од кои четворица од Скопје, информираат од Министерството за здравство..

Кривата на заразени од коронавирусот никако да се добие надолен тек. Бројката за заболени во последното деноноќие, според неофицијалните информаци, се доближува и до 200 потврдени случаи.

Со исклучок на податоците од вторникот, кога се евидентираа 89 заразени, во последните десетина дена бројката на дневно ниво е троцифрена, а за две недели, заклучно со вчера, вкупниот број на заболени се искачи на 1577.

Се пополнуваат и капацитетите на болниците, но здравствените власти уверуваат оти засега ситуацијата е под контрола. Од првата општа болница што стана своевиден ковид центар „8-ми Септември“ велат дека поради очекување на зголемување на пациенти на кои им треба болничко лекување, ги зголемуваат капацитетите.

Коронавирусот и денеска не ги одмина фукционерите. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски потврди дека е позитивен на Ковид-19. Откако завршил во болница поради болки во градите, со деталните прегледи било констатирано присуство на коронавирусот. Георгивски бил на лекар и во претходните денови поради проблеми со бубрезите, а сега е на Инфективната клиника, во стабилна состојба, потврдуваат од општината.

,,Градоначалникот во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со коронавирусот.

Исто така, во текот на вчерашниот ден е доставено известување од вработено лице во општината чиј тест за Ковид-19 е позитивен. Таа е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите.

Со коронавиусот претходно се зарази и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а Горанчо Крстев, што раководи со општината Чешиново- Облешево, беше првиот функционер позитивен на Ковид 19.

Џо Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предавање на штафетата на новата генерација

Во име на демократијата и за обединување на нацијата. Ова беа главните причини кои американскиот претседател Џо Бајден ги наведе во неговото обраќање во живо до јавноста зошто се повлекува од кандидатурата за втор претседателски мандат.

Ова е негово прво појавување откако во неделата на социјалните мрежи објави дека се откажува од трката за Белата куќа и за свој наследник ја поддржува потпретседателката Камала Харис.

Во својот говор, Бајден ги истакна своите достигнувања во изминатите три и пол години, објасни зошто Харис би била добар претседател и предупреди на ризиците што би ги претставувал вториот мандат на Трамп. Ваквиот чекор, потенцира тој, го презема затоа што на приказната за американската демократија и треба ново поглавје.

-Во последниве недели сфатив дека треба да ја обединам мојата партија. Сметам дека мојот труд како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка - сето тоа заслужуваше втор мандат. Но ништо, ништо не смее да застане на патот за спасување на нашата демократија. Тоа вклучува и лични амбиции. Затоа решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација, изјави Бајден во говорот.

Веднаш по обраќањето на Бајден, се огласи републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, кој говорот го оцени како „едвај разбирлив и многу лош“, а не штедеше ниту на критики до демократите и неговата противкандидатка Камала Харис на митингот во Шарлот, нарекувајќи ја „ултралиберална движечка сила зад секоја катастрофа на Бајден“.

-Шефовите му рекоа или ќе си заминеш или ќе те исфрлиме со користење на 25 амандман, тоа се случи. Го знаете тоа. Го знаете тоа, тоа се случи. Тоа се лоши луѓе, Демократите и или ќе ги победиме или нема да имаме држава. Сега имаме нова жртва, лажливата Камала Харис, изјави Трамп.

Инаку на три месеци пред изборите во САД, анкетата на Си-ен-ен покажува дека Харис во однос на Трамп стои подобро од Бајден. Трамп, додека Бајден беше во трката, водеше пред него со шест поени разлика, но откако одлучи да се повлече во корист на потпретседателката на земјата, нејзината почетна позиција во однос на Трамп е подобра од онаа на Бајден. Па така, Трамп ужива поддршка од 49 отсто од анкетираните регистрирани гласачи, а Харис 46 отсто, за разлика од анкетата на Ројтерс која покажа блага предност за Харис со 44 проценти поддршка, наспроти нејзиниот републикански ривал кој има 42 проценти.

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Македонија

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани

Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Македонија.

-По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Македонија.Не знам вие дали разбирате дека Србија не го признава Косово и тоа е апсолутно небулозно. Ние се што работиме, работиме со ЕУЛЕКС, и на таков начин баравме и добивавме информации врзани за сите тие процеси. Така што, никаква екстрадиција внатре во Србија не е возможна, а Србија е држава која во својот состав го има и Косово, така велат и Обединетите нации, истакна српскиот министер Дачиќ.

Сиљановска Давкова прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија – ЗМСТАМ.

Раководството на здружението на средбата ја запозна претседателката Сиљановска Давкова со нивните заложби за континуирано подобрување на стандардите на сестринската и акушерската пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на работните места, како и за нивниот ангажман како здружение во насока на подобрување на здравствениот систем, во целина. Во тој контекст, истакнаа и неколку приоритетни прашања за нив, односно да се донесе Закон за здравствена и акушерска нега, да се признае и да се вреднува високото образование на сестрите и акушерките, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот, да се воведе менторство во сестринската пракса, да се вреднува искуството на сестрите со средно образование, а кои имаат повеќегодишно специјализирано работно искуство, како и да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружање примарна здравствена нега.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека медицинските сестри, техничарите и акушерките се исклучително важна алка во синџирот на целокупната здравствена заштита и притоа изрази поддршка за активностите на здружението, како единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството.

На денешната средба присуствуваа претседателката на здружението, Велка Гавровска, заменик –претседателката Тања Трајковска, Валентина Горичанец, секретар на ЗМСТАМ, како и Гордана Димеска, претседателка на невролошката секција и делегатот Гоце Марковски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

притисни ентер