Рекорден број починати во Германија, Меркел со предупредување до граѓаните

Во Германија, повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата на коронавирус, а дневниот биланс на смртни случаи достигна рекордни 426 случаи, според податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) објавени денеска.

Бројките одразуваат дека Германија ги задржала новите инфекции во стабилна состојба, но дека тоа не е доволно за да се ублажат мерките и да се елиминира ризикот од преполните болници

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголемил за 22.806 на 1.006.394, според РКИ. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус за 24 часа се зголемил за рекордни 426 на вкупно 15.586.

Баровите, рестораните, театрите и фитнес-салите се затворени, но училиштата и продавниците остануваат отворени. Од 1 декември приватните собири ќе бидат ограничени на пет лица, од сегашните 10.

За време на Божиќ, тој број повторно ќе се искачи на дозволените 10 лица во повеќето од 16 држави, без да се сметаат деца под 14-годишна возраст, иако семејствата се повикуваат да избегнуваат социјален контакт една недела пред посетата.

Главниот град Берлин, еден од најтешко погодените во Германија, соопшти дека нема да ги намали ограничувањата за Божиќ.

Германија најверојатно ќе мора да се придржува до мерките за пандемија и во јануари, рече Меркел.

Обраќајќи се вчера во Бундестагот, германската канцеларка ги повика германските граѓани да истрајат во понатамошната борба против пандемијата на коронавирус и да се подготват за тешките месеци што следат, обележувајќи ја борбата против пандемијата како најголем предизвик од Втората светска војна.

Таа повика на солидарност на граѓаните, особено во овој претпразничен и празничен период.

"Во моментов кога толку многу размислуваме за Божиќ и преминот кон новата година, моја желба е да сме уште повеќе заедно и да сме тука едни за други. Ако успееме, тогаш ќе излеземе од кризата", рече Меркел.

Таа рече дека многу се надева на вакцините и стекнатото знаење за вирусот, но и на фактот дека огромното мнозинство граѓани се придржуваат до пропишаните мерки.

„Вакцините нема да ги решат проблемите веднаш, но тие се светло на крајот од тунелот“, рече Меркел.

Самит на ЕУ посветен на Украина

Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел.

Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина.

Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција.

Мишел истакна дека ЕУ, како и секогаш, ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да и помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење замрзнати руски средства.

- Најважно, од нашата последна средба во февруари, работиме на итно зголемување на производството и испораката на муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија, посочи Мишел.

Бербок: Не смееме да ги изневериме Македонките и Македонците

Местото на Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. 

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска ќе престојува во посета на Македонија, пред пристигнувањето во Скопје порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.

Бербок Скопје ќе има средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и други заедници треба да бидат вклучени во Уставот.

- Местото на Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. Дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година, порача Бербок пред полетувањето за Скопје, пренесува Дојче веле.

Таа вели дека не смеат да се изневерат очекувањата на големото мнозинство граѓани во земјата.

- Големите надежи и очекувања, кои луѓето во Македонија ги имаат за пристапниот процес, за нас се шанса и опасност истовремено. Опасност, затоа што би можеле да ги загубиме Македонките и Македонците за Европа, доколку како ЕУ ги изневериме нивните очекувања и покрај сиот напредок и болните отстапки кои ги направија во изминатите 17 години. Шанса, затоа што на сите учесници во процесот на проширување на ЕУ им е јасно за што всушност се работи: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна добросостојба и мир, за самоопределување, рече шефицата на германската дипломатија.

Од германското МНР, пред посетата, оценија дека Македонија е „клучна земја“ за процесот на проширување на ЕУ, посочувајќи дека главната цел на посетата на Бербок е откочување на процесот на уставни измени. Тоа го најави и Бербок во изјавата.

- Можам добро да сфатам дека во моментов сите прашања за сопствениот идентитет, за сопствената историја, јазик и култура се дискутираат во Македонија со срце и страст, тоа ни кај нас не е различно и е природно при важни прашања како промена на Устав. Но искуството покажува: во вакви ситуации се исплаќа да се тргнат настрана партиско-политичките калкулации, да се водите од јасна цел и во таа насока одлучно да се борите. Широката поддршка во парламентот на Македонија за промена на Уставот ќе испрати сигнал не само во самата земја, туку и подалеку во целиот регион: ние апсолутно сакаме да влеземе во ЕУ и правиме сѐ што е неопходно од наша страна, изјави Бербок пред посетата на Скопје.

Американски воен брод навлегол во кинески територијални води

Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Парацелз.

Во соопштението се наведува дека кинеската армија го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови, со што го нарушил мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

- Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштенеито на Јужната команда на кинеската армија.

притисни ентер