Рекорден број новозаразени во Индија , укинати се голем дел од мерките

Индија објави досега најголем дневен раст на бројот на нови заразени со коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа, потврдени се 11.929 нови случаи на коронавирус.

Во Индија досега се потврдени вкупно 320.922 случаи на „Ковид-19“, а од инфекцијата починале 9.195 луѓе, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоци на индиското Министерство за здравство.

Индија е на четвртото место во светот по бројот на заразени, по Соединетите држави, Бразил и Русија.

Западноиндиската држава Махараштра сè уште е најтешко погодена од епидемијата, а главниот град Њу Делхи објави најмалку 38.958 случаи на ковид-19.

Пожар во Челопек, Старо Нагоричане, активни жаришта кај Липац, кумановско

Два пати интервенирале пожарникарите во Челопек во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово и од противпожарната единица на Старо Нагоричане. 

Оттаму велат дека првиот пожар бил регистриран од 11 па се до 12.30 часот, а гореле поранешни бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15.20 и траел сѐ до 19 часот во Челопек, каде изгорела и куќа, објект, добиток и стрништа.

– Таму сè уште има дежурни екипи, пожарот е локализиран, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Во Дренак, на потегот кон Дренак -Жељувино сè уште е активен пожарот кој е на поголема височина на непристапен терен и го гасат пожарникари, припадници на МВР, шумско стопанство. Таму гори нискостеблеста шума.

-Пожарот во моментов е под контрола, но ќе останат екипи извесно време, состојбата се менува од час во час, вели Трајковски.

Во кумановско, екипи од територијалната противпожарна единица интервенираат на три жаришта, информираше командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

– Пожар има над Довезенце, на еден повисок дел, таму е наша екипа, активно е и жариште на потег Горно Јачинце-Довезенце и на уште една локација Мургаш кон Горно Јачинце, каде се работи на догасување-изјави Илиевски.

По објавите во некои медиуми за жртва во Старо Нагоричане МИА побара одговор од МВР од каде велат дека постапуваат по пријава во Челопек, Старо Нагоричане./MИА

Во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани поради пожар

Магистралниот пат Штип-Кочани вечерва, од 21 часот, е во прекин во двата правци поради пожар во кој гори стрниште и ниви и се шири кон магистралниот пат.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), нормализиран е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево.

Ријана е најбогатата музичарка на светот и „тежи“ 1,7 милијарди долари

Имотот на Ријана во моментов се проценуваат на 1,7 милијарди долари, пишува Форбс, што ја прави најбогата музичарка во светот, а меѓу жените кои имаат кариера во забавната индустрија, само Опра Винфри е побогата од неа.

Но, не е нејзината музика што ја довела меѓу милијардерите. Нејзиното богатство во голема мера доаѓа од козметичката линија Fenty Beauty што ја основала во 2017 година, а која моментално е во 50 проценти сопственост. Тука е и линијата за долна облека Savage x Fenty, проценета на 270 милиони долари. Само после тоа доаѓа заработката од нејзината музичка и актерска кариера.

Ријана заработува и од социјалните медиуми. Има 101 милиони следбеници на Инстаграм и 102,5 милиони на Твитер.

Кога го лансирала својот бренд Fenty Beauty во 2017 година, таа сакала да основа козметичка компанија која ќе ги натера жените ширум светот да се чувствуваат вклучени. Линијата (чија друга половина е во сопственост на францускиот конгломерат LVMH на чело со Бернар Арно, најбогатиот човек на светот) речиси веднаш постигна голем успех. По само една година, заработувала 550 милиони долари годишно, што, според LVMH, ја надминало заработката на другите славни брендови, вклучувајќи ја и Кајли

Козметика (сопственост на Кајли Џенер), KKW Beauty (Ким Кардашијан) и Honest Company (Џесика Алба).

притисни ентер