Реконструкција на улиците ”Баница” ,“Кратовска” и три крака на “Мариовска” во Кисела Вода

Градежни активности за реконструкција на неколку сообраќајници се одвиваат во населбите Пржино и Црниче. 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски изврши увид на потегот со вкупна површина од 4800 квадратни метри кои ги опфаќа краците 1, 2 и 3 на улицата “Мариовска”, како и улиците ”Баница” и “Кратовска”, информираат од Општина Кисела Вода.

-Денеска започнуваме со градежен зафат за реконструкција на неколку улици во населбата Црниче, конкретно “Баница” и “Кратовска”, со површина од 3300 квадратни метри и крaците 1, 2 и 3 на Улицата “Мариовска” во Пржино, со опфат од околу 1500 квадратни метри. Повеќе од 30 години овие сообраќајници никој не ги реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓаат. Јас, како градоначалник досега многупати имам кажано дека нема да има заборавени улици, заборавени населби и дека до крајот на мојот мандат сите улици бидат асфалтирани. Граѓаните се оние кои ми ја дадоа довербата која планирам целосно да ја оправдам, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Овој проект, додал тој, е уште една потврда на кажаното и уште еден чекор напред во обновата на патната инфраструктура на општина Кисела Вода.

Скандал: Пратеникот на ДУИ Дураку одби на одговори на македонски

Пратеникот на ДУИ од „Европскиот фронт“, Садула Дураку, спротивно на Устав и закон од собраниска говорница во прес-центарот на Парламентот одби да одговори на новинарско прашање на македонски јазик.

На новинарите им порача да си најдат превод бидејќи албанскиот јазик, според него, бил службен во земјава. Одговорајќи на прашање само на албански за апсењето на поранешниот припадник на ОВК, од страна на македонската полиција, иако беше замолен истиот став да го повтори и на македонски, во интерес на јавното информирање, тоа не го направи, иако прес-конференцијата беше свикана токму од „Европскиот фронт“, а превод не беше обезбеден.

- Дали може ова истотво да ни го кажете и на македонски?, праша Канал 5.

Одговори Дураку на албански- Имате превод, преведете, албанскиот јазик е службен јазик..., им порача Дураку на новинарите.

За разлика од Дураку, кој е екс вицепремиер и министер, во јавноста познат и како „Командант Вентили“ како учесник во конфликтот од 2001, дел од неговите колеги од ДУИ беа расположени да зборуваат на македонски јазик. Координаторот на пратеничката група, Блерим Беџети потврди дека ДУИ преку законски и уставни решенија ќе бара автентично толкување на Рамковниот договор и како што велат почитување на волјата на гласачите. Беџети потврди и дека еден од авторите на Охридскиот рамковен договор е Пол Вилијамс е дел од меѓународен експертски тим кој го ангажирале за да им скрои ваква платформа.

Од коалицијата „Вреди“, ваквите најави на ДУИ ги сметаат за неосновани. Според нив нема потреба од автентично толкување на Охридскиот договор, бидејќи тој на никаков начин не е загрозен.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов на состанокот во Гостивар најави дека ДУИ подготвуваат закон за формирање влада, бидејќи како што рекол, ВМРО-ДПМНЕ „не го прочитале или не знаат да го читаат Охридскиот договор“. Покрај платформата која ја подготвуваат, лидерот на партијата Ахмети соопштил и дека од септември ќе излезат на протести пред Влада и Собрание...

Активни 15 пожари, најкритично на планината Серта, армијата испраќа дополнителен број војници

15-ина пожари и натаму ја пустошат Македонија.Најкритично е на планината Серта, состојбата е непредвидилива и со пожарите околу Росоман, а добра вест е што пожарот кај Радовиш е ставен под контрола.

Oд денеска дополнително се активира и армијата.

Во живо во овие вести ја вклучуваме Елизабета Дамјаноска Спасеновска. Бети, ти си над селото Пепелиште.

Каква е попладнево состојбата на Серта и уште колку војници тргнуваат на помош?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Маж се удави во Дојранското Езеро

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. 

Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.

-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.

притисни ентер