Роднини на семејството на починатото девојче раскажаа дека детето било болно и уште пред неколку дена го носеле во болница каде што има дале сируп и има кажале да го однесат детето дома. Откако не се подобрила состојбата детето тие го однеле детето во болницата Козле, но оттаму детето околу еден часот ноќеска било претпратено на клиниката за детски болести. Околу четири часот тоа починало.
Денеска на клиниката имаше и полициско обезбедување, откако бил пријавен инцидент од страна на вработените, кога вознемирениот татко по смртта на неговото дете почнал да крши во ординациите. Вознемиреност од целиот настан имаше и кај персоналот но и кај пациентите кои доаѓаа. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди објасни дека детето било донесено во тешка здравствен состојба.
На прашањето дали детето било вратено од клиниката и дали на смена бил тим за интензивно лекување? Мемеди одговори дека истражните органи ќе ја испитаат состојбата, а дека на смена имало тим кој одговора на задачата на интезивна нега.Телото е предадено на обдукција.
Од ДСЗИ потврдија дека ќе се изврши вонреден инспекциски надзор. Надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица од двете болници детска клиника и козле и вработените кои биле вклучени во овој случај. По добиените изјави и документација ќе се формира и комисисја за стручен надзор.