Регистрирани се 92 новозаболени со Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.

Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар – по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово – по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.176 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-71, Биотек-34, Систина-33, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-136, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-17, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 648.

Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 140914, Активни 952

Куманово 16394, Активни 76

Битола 14459, Активни 122

Прилеп 13781, Активни 140

Тетово 13379, Активни 48

Кавадарци 10272, Активни 64

Велес 9592, Активни 76

Гостивар 9487, Активни 28

Охрид 8588, Активни 56

Струмица 7943, Активни 25

Штип 7935, Активни 15

Кичево 5490, Активни 38

Кочани 5002, Активни 21

Струга 4665, Активни 11

Гевгелија 4301, Активни 16

Неготино 3631, Активни 11

Ресен 2636, Активни 25

Свети Николе 2607, Активни 2

Радовиш 2491, Активни 8

Крива Паланка 2393, Активни 13

Делчево 1902, Активни 2

Дебар 1658, Активни 11

Берово 1631, Активни 3

Валандово 1462, Активни 3

Виница 1363, Активни 15

Пробиштип 1258, Активни 2

Богданци 1009, Активни 6

Кратово 948, Активни 9

Крушево 912, Активни 5

Демир Хисар 823, Активни 7

Македонски Брод 732, Активни 2

Демир Капија 582, Активни 2

Македонска Каменица 521, Активни 2

Пехчево 482, Активни 0

Дојран 340, Активни 0

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Бизарна несреќа во Шпанија: Го удрила камбана по главата- останал на место мртов (ВИДЕО)

30-годишен маж од Пинел де Браја, Шпанија, загинал на крајно бизарен начин кога бил удрен во глава од црковно ѕвоно за време на прославата во градот.

Младиот човек се качил на камбанаријата за да ја придвижи камбаната, традиција на градската слава, но погрешно го пресметал просторот и добил силен удар во главата, кој подоцна се покажал како фатален, објави Ел Паис.

Според локалните медиуми, 30-годишен маж кој живее во Барселона дошол во Пинел де Браја да ја прослави славата на градот, бидејќи неговото семејство било од таа област.

Тој сакал да учествува на свеченостите по повод празникот, но за жал починал.

По ударот мажот останал без свест, а присутните се обиделе да го реанимираат пред да пристигне лекарската помош, но сите напори биле залудни.

Лекарите по повикот многу брзо пристигнале на местото на настанот, но можеле само да констатираат дека мажот е мртов.

Противпожарната бригада го извадила телото од камбанаријата на црквата Сант Лоренцо.

Полицијата отворила истрага за да се утврдат околностите под кои се случил овој трагичен инцидент.

Според досега реконструираното, несреќата се случила за време на еден вид ритуал кој вклучува целосно вртење на ѕвоното пред да започне прославата. Ѕвонењето се вршело рачно со почеток во шест часот наутро.

Градоначалничката на Пинел де Браје, Лаура Валеспи, рече дека порано имало мали инциденти како повреди на рацете, но никогаш вака сериозни.

Силјановска-Давкова:Ако бев претседателка, сега ќе протестирав со специјализантите!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова порача од Гевгелија:Ако бев Претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите!

Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари?

Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат? Не!

Што ќе направев јас ако бев во моментов претседателка? Ќе протестирав и ќе марширав со нив! И тоа ќе го правам! Со сите ранливи категории, секогаш кога ќе сакам да ја разбудам свеста!

Не за да се правам важна или млада, туку за да покажам дека оние на клучните функции се таму заради заштита на јавниот интерес и јавното добро. А јавното добро мора да создава јавна вредност. Тие, специјализантите, создаваат непроценлива јавна вредност! Ги штитат нашите животи! Прават се што прават и другите лекари. Ама токму тие не уживаат здравствена и социјална заштита. Па, каква е таа социјална држава и каква е таа социјалдемократија што не води сметка за оние кои ни се најпотребни?

Оти ние веќе се откажуваме од лекарите. А јас велам, одличен би бил еден здравствен туризам. Денеска сретнав еден професор од Оксфорд, мој пријател. Ми вели дека меѓудругото, доаѓа овде исто така и заради тоа што има одлични лекари во „8-ми Септември“. Просто, не верував!

Сега замислете, ние да се откажеме од она што го вложила Македонија во овие луѓе и да им речеме: - Заминете си.

Не! Останете уште малку, ве молам! Истрпете уште малку! Бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо! Се ќе биде ново! Секаде каде што сум била, сум правела промени! Ќе правам и како претседателка!, рече Силјановска- Давкова, објави нејзиниот тим.

Командант на Хесболах е убиен во израелески напад во Либан

Командантот на крајбрежниот сектор на Хезболах е убиен во израелски напад, соопштија израелските одбранбени сили.

Се вели дека еден од нивните авиони го „погодил и елиминирал“ Исмаил Јусаф Баз во областа Аин Ебел во Либан, пренесува Sky news.

Командантот служел како висок функционер на неколку позиции во военото крило на Хезболах.

Тој исто така планирал да лансира ракети и противтенковски ракети кон Израел од крајбрежната област на Либан, велат тие.

притисни ентер