Регистрирани се 572 нови случаи на Ковид –19, починале 30 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19

Во Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес - 19, Гостивар – 15, Прилеп - 14, Битола, Кочани и Радовиш - по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип - 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица - по 1.

Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).

Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.

Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 79716, Активни 5728

Гостивар 7885, Активни 629

Куманово 10814, Активни 882

Тетово 10671, Активни 1090

Кавадарци 5649, Активни 179

Велес 5951, Активни 252

Струмица 5500, Активни 495

Штип 5465, Активни 210

Кичево 3817, Активни 486

Неготино 2280, Активни 39

Свети Николе 1786, Активни 111

Радовиш 1432, Активни 98

Берово 1182, Активни 49

Виница 992, Активни 41

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 308, Активни 10

Прилеп 8835, Активни 286

Битола 6877, Активни 265

Охрид 5723, Активни 601

Струга 3728, Активни 640

Кочани 3081, Активни 109

Гевгелија 2335, Активни 68

Ресен 1473, Активни 102

Дебар 1433, Активни 171

Крива Паланка 1327, Активни 50

Делчево 1096, Активни 60

Пробиштип 879, Активни 45

Валандово 772, Активни 32

Богданци 540, Активни 23

Крушево 518, Активни 16

Кратово 509, Активни 55

Македонски Брод 453, Активни 35

Демир Хисар 419, Активни 11

Македонска Каменица 286, Активни 17

Дојран 139, Активни 4

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Вархеји: Следната ЕК ќе биде Комисија за проширување, ЕУ наскоро ќе има нови членки

Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат.

Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во обраќањето на Конференцијата „Кон заедничка иднина“ во организација на Демократскиот самит на Југосточна Европа (СЕЕДЕМ) во Брисел.

- Геополитичкиот и геостратешкиот пејзаж во Европа и околу Европа значително се променија во последните две години и за жал се чини дека овие промени се уште не се завршени. Но, од оваа промена има една позитивна опција, а тоа е што проширувањето стана еден од главните приоритети до сега, не само во ЕУ, туку и околу Европската унија, истакна Верхеји.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вархеји потсети дека на земјите од Западниот Балкан „веќе 21 година им е ветено пристапување во ЕУ“ и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот и со источните партнери е едно од три приоритети од следниот мандат на европските институции

- Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21-та година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, истакна Вархеји, додавајќи дека е крајно време сега да ставиме до знаење ЕУ дека наскоро ќе има нови членки.

Според Вархеји, ЕУ јасно им порача на земјите од Западниот Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.

- Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но тие (земјите кандидати) мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. Европската Унија може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите, порача Вархеји

Според него, кога станува збор за проширувањето Брисел сака да зборуваме за институционални прашање - поглавја, одредници, нивно отворање и затворање... што наликува како да возите по автопат и да саката да ги прочитате сите ознаки.

- Тоа нема смисла. Она што има смисла е да знаете каде сакате да стигнете. И затоа вложивме многу јасен и силен напор на другиот дел од целиот процес на проширување, а тоа е вистинската интеграција, како што сакам да ја наречам. Вистинската интеграција, значи општествата и економиите целосно да се интегрираат во европските, затоа што ова е големото прашање на секое проширување. Треба да вложиме напор за да се осигуриме дека овие земји ќе се интегрираат уште пред да влезат во Европската Унија, нагласи Вархеји.

За таа цел, според него, се промените и преговарачкиот процес за да се обезбедат реформи, интеграција и адаптација на европското во националните правни системи, но тука е и Економскиот и инвестицискиот план за Западниот Балкан, кој обезбедува 30 милијарди евра што е приближно една третина од БДП на целиот регион.

- Но, ова нема да биде доволно... и поради таа причина, дојдовме до друга идеја, а тоа е Планот за раст. И идејата зад Планот за раст беше да се обиде да се спроведат сите главни напори што треба да се направат за проширувањето, односно реформите, истакна Вархеји.

Тој најави дека следната недела ќе биде создаден Механизмот за финансиска поддршка на Планот, како и реформските агенди на секоја земја од Западниот Балкан. Со Планот, според него, ќе се помогне да се забрзаат реформите и ќе се создаде можност граѓаните и бизнисите во овие земји да ги почувствуваат придобивките од членството, уште пред целосната интеграција.

- Затоа го додадовме дополнителниот финансиски инструмент на Планот за раст од шест милијарди евра, бидејќи со ова не само што можеме да ги поттикнеме реформите што ги прават овие земји, туку и да им помогнеме да станат конкурентни, истакна Вархеји.

Тој потенцира дека во рамки на овој План за раст и заедно со средствата од Економскиот и инвестицискиот план и поддршката од ИПА фондовите, земјите од регионот ќе добијат значително поголемо ниво помош до 2027 година.

- Од тој датум натаму, ништо не ќе го спречува Западниот Балкан да биде подготвен за влез во Европската Унија. Така, мислам дека следната Комисија ќе биде полна со предизвици, но ќе ја има убавината да посака добредојде на нови членки, заклчи Вархеји.

Јокиќ им раскажа на Американците што појадува секој ден- не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

Главниот фаворит за МВП сезонава во НБА лигата (што би му била трета награда во последните четири години), Никола Јокиќ е заштитно лице на платформа за избор на хотели, а во рекламата што ја сними зборуваше за своите искуства од престојот во хотелите.

Најголемо внимание привлече делот кога Јокиќ зборуваше за својот вообичаен појадок, а тој дел стана вирален.

„Прво, кајгана од пет јајца, задолжително сланина, шунка и спанаќ. Не смее да биде редок, но не смее да биде ниту премногу сув. Потоа каша со ореви, бадеми, боровинки и мед. Потоа шејк со банана, шумски плодови и малку сок од јаболко. Леле, тоа се околу 5.000 калории во еден појадок“, се насмеа Јокиќ сфаќајќи колку јаде секое утро.

Кога пристигна во НБА, Јокиќ имаше проблеми со килограмите поради неговите не баш здрави навики во исхраната, но кога НБА воведе построги правила во однос на исхраната, српскиот центар физички е еден од поподготвените играчи во лигата.

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

притисни ентер