Регистрирани се 477 нови случаи на Ковид 19 , починале 10 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-221, Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14, Струга-18, Велес-9, Битола-15, Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3, Неготино-9.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238. Од вчера се евидентираат четири контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37967, активни 9963

• Куманово 4939, активни 476

• Дебар 695, активни 139

• Штип 3405, активни 199

• Прилеп 4416, активни 350

• Тетово 4907, активни 698

• Струга 2106, активни 176

• Велес 2895, активни 385

• Битола 3138, активни 368

• Охрид 2603, активни 415

• Кавадарци 2337, активни 483

• Гостивар 3497, активни 448

• Гевгелија 1230, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2430, активни 446

• Крива Паланка 694, активни 105

• Радовиш 661, активни 76

• Крушево 181, активни 28

• Кочани 1667, активни 157

• Пробиштип 470, активни 35

• Демир Хисар 238, активни 29

• Македонски Брод 234, активни 16

• Пехчево 172, активни 29

• Берово 554, активни 70

• Валандово 323, активни 34

• Виница 472, активни 67

• Делчево 698, активни 219 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 205, активни 16

• Свети Николе 1057, активни 68

• Кичево 1630, активни 185

• Ресен 680, активни 119

• Неготино 1089, активни 228 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2543 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-80, Авицена-303, Биотек-213, МАНУ -117, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -260, лабораторија Лаор –88, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-39, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -694, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19.

Пендаровски: Ако не дај Боже победат, следуваат 15 години стоење во место и уназадување!

Kандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер беше меѓу жителите на Бутел од каде побара поддршка за втор мандат, за како што рече, граѓаните да добијат гаранција дека Македонија ќе биде напредна, европска држава.

„Кај мене овие пет години и најсиромашните и најбогатите, и младите и старите, и жените и мажите, секој кој посакал да дојде, да побара помош за решавање на било каков проблем, вратите на мојот кабинет му биле отворени. Секаде сум поминал, сум дошол во вашите домови да ве прашам што ве мачи, како можам да помогнам, таму каде што не сум можел да помогнам сум барал помош од моите другари кои биле министри, пратеници, кои биле вицепремиери, кои биле градоначалници и со нивна помош сме се обиделе да помогнеме секаде каде што сме можеле, без разлика дали некој нè гласал или не нè гласал. Затоа што вие сите сте еднакви“, рече Пендаровски.

Во однос на понудата на неговата противкандидатка Силјановска и партијата којашто ја поддржа, Пендаровски рече дека ако дојдат на власт ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе изгубиме уште 10 или 15 години за нови преговори.

„Кога ги прашувате што не ви чини во договорот што го имаме со Брисел, европската преговарачка рамка. тие велат ќе го поништиме и тоа затоа што таму го нема македонскиот јазик. Тоа е најголемата можна политичка лага. Договорот што го имаме со Брисел за почнување на преговорите содржи клаузула за македонскиот јазик, вели прецизно целокупното европско законодавство, сите европски закони ќе се преведуваат на македонски јазик кога ќе станеме полноправна членка на таа организација. Меѓутоа, нив тоа не им одговара затоа што тие имаат интерес од сеење на политичка магла да им даваат лажни надежи на нашите граѓани“, додаде Пендаровски.

Во обраќањето пред присутните Пендаровски се осврна и на неопходните чекори коишто треба да ги направи државата за да стане полноправна членка на ЕУ.

„Македонија има добар Устав во кој сите етнички заедници се застапени, ќе ги ставиме и оние кои не се, меѓутоа и тие што не се имаат еднакви права како оние што се запишани во преамбулата. Ние немаме потреба да правиме нов Устав, немаме потреба да преговараме нови договори со Грција и со Бугарија, немаме потреба да ги репреговараме договорите со Европската Унија. Ние имаме потреба да ги извршиме тие обврски и за четири, до пет години да станеме полноправна членка на ЕУ, каде што одамна заслужувавме да бидеме“ рече тој.

Романо: Милан ќе го отпушти Пиоли на крајот од сезоната

Милан по крајот на сезоната ќе го отпушти тренерот Стефано Пиоли. Росонерите ќе почнат да се занимаваат со ова прашање во наредните недели, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Се пишуваше дека Пиоли би можел да го напушти Милан доколку биде елиминиран од Лигата на Европа. Росонерите во четвртокот загубија од Рома (1:2) во реваншот од 1/4 финалето (првиот натпревар беше 0:1).

По 32 кола, Милан се наоѓа на второто место во Серија А, со 14 бода помалку од Интер.

Пиоли пред две сезони му ја донесе шампионската титула на Милан.

Главни претенденти за наследник на Пиоли на тренераската позиција во Милан се Роберто де Зерби тренерот на Брајтон и Антонио Конте. /МИА

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

притисни ентер