Регистрирани се 472 новозаразени со Ковид-19, осум починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

• Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8починати лица: 5 починати лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 починати лица од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

• Направени се 3.431 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-49,

ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–14, Жан Митрев (Филип Втори)-54,Авицена-164, Биотек-238, Систина-97, лабораторија Лаор-150, Синлаб-19, Ремедика-20, Плодност–44, Генеа-9,Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-42, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.575.

Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови

Заболени(вкупно)

Активни случаи(вкупно)

Скопје

86411

3407

Куманово

11920

538

Тетово

10920

169

Прилеп

9269

227

Гостивар

7992

67

Битола

7270

198

Велес

6566

310

Кавадарци

6114

166

Охрид

6090

216

Штип

5963

194

Струмица

5851

178

Кичево

4054

135

Струга

3816

54

Кочани

3419

136

Гевгелија

2500

79

Неготино

2339

20

Свети Николе

1959

83

Радовиш

1565

57

Ресен

1559

46

Крива Паланка

1531

106

Дебар

1453

20

Берово

1221

15

Делчево

1136

47

Виница

1067

35

Пробиштип

967

50

Валандово

837

12

Кратово

620

37

Богданци

571

18

Крушево

539

11

Македонски Брод

476

8

Демир Хисар

467

32

Демир Капија

410

1

Македонска Каменица

339

43

Пехчево

316

1

Дојран

142

3

Вкупно

197669

6719

Kовид состојба 19.10.2021 (податоците се заклучно со 18.10.2021)

Новозаразени: 472

Тестирани: 3.431

Оздравени: 498

Починати: 14

Вкупно дијагностицирани: 197.669

Вкупно оздравени: 183.972

Вкупно починати: 6.978

Активни случаи: 6.719

Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

ИЈЗ

Поднесе оставка министерот за надворешни на Латвија- се возел во скапи приватни авиони

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерката Евика Силина објави дека на 10 април ќе поднесе оставка од функцијата. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикуван за чартер летовите за време на мандатот на премиерот. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година, а во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за негов наследник.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

притисни ентер