Регистрирани се 436 новозаразени со Ковид-19 , починале 7 лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево - по 5, Струмица и Берово - по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар - по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 321 оздравени пациент од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.

Направени се 2.732 тестови преку: ИЈЗ-258, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-29,

ЦЈЗ Тетово–52, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–160, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-132, Биотек-129, Систина-59, лабораторија Лаор-71, Синлаб-8, Ремедика-16, Плодност–36, Генеа-9, Никоб лаб-258, ВФВ Медикал-21, Ели Медика-31, Ројал Медика –15, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.192.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 88111, Активни 3258

Куманово 12217, Активни 445

Тетово 10992, Активни 127

Прилеп 9427, Активни 256

Гостивар 8000, Активни 23

Битола 7402, Активни 231

Велес 6760, Активни 332

Кавадарци 6249, Активни 220

Охрид 6150, Активни 199

Штип 6122, Активни 207

Струмица 5905, Активни 134

Кичево 4089, Активни 69

Струга 3839, Активни 43

Кочани 3546, Активни 177

Гевгелија 2546, Активни 82

Неготино 2377, Активни 45

Свети Николе 2003, Активни 82

Крива Паланка 1621, Активни 137

Радовиш 1590, Активни 46

Ресен 1585, Активни 43

Дебар 1453, Активни 3

Берово 1237, Активни 25

Делчево 1158, Активни 38

Виница 1086, Активни 35

Пробиштип 1007, Активни 60

Валандово 852, Активни 24

Кратово 642, Активни 31

Богданци 584, Активни 25

Крушево 547, Активни 14

Демир Хисар 483, Активни 34

Македонски Брод 477, Активни 2

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 357, Активни 41

Пехчево 320, Активни 4

Дојран 148, Активни 6

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото

Но стапката на невработеност паѓа.

Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси 600.000 нови вработувања во ноември, објавена претходно од Министерството за труд на САД.

Иако Министерството денеска објави друга бројка – дека во ноември биле вработени 210.000 лица, помалку од половина во октомври и многу помалку од предвидените 500.000 со оглед на празничниот период, според извештајот, двете бројки се разликуваат бидејќи едната е од анкетирани работодавачи, а другата е од домаќинствата.

Американската економија се враќа на ниво пред пандемијата, но мошне споро. Бројките покажуваат дека дел од Американците кои ја изгубиле работата поради пандемијата се враќаат на пазарот на трудот. Од анкетите на домаќинствата се дознава дека речиси 600.000 лица се вратиле на работа во ноември.

Тоа во ноември го зголеми влијанието на работоспособните Американци кои имаат работа или ја бараат до 61.8 отсто, споредбено со 61.6 отсто во октомври. Сепак, во САД во моментот се вработени 2.4 милиони луѓе помалку во споредба со периодот пред пандемијата.

Економистите сметаат дека силниот берзански пазар и високите цени на станбената недвижност ја зголемиле благосостојбата на многу Американци што придонело за тоа предвремено да се пензионираат. Исто така, многу домаќинства имаат огромни заштеди и нивните члеови не се брзаат да најдат работа.

Покрај тоа во САД се забележува и пораст на самовработувања.

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер.

На брифинг во Женева тој рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во јужна Африка.

– Многу е за пофалба што производителите на вакцини веќе почнаа да прават планови согласно кои веројатно ќе треба да ја приспособат постоечката вакцина, рече тој додавајќи дека „е добро да не се чека да заѕвони алармот".

Линдмаер сепак нагласи дека ќе биде потребно уште некое време и оти не треба да се брза со заклучоците. Според него, прелиминарните податоци покажуваат дека има поголема преносливост, но оти во суштина тоа е сè што засега се знае.

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија, отворени скијачките центри

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.737 инфекции со коронавирус, со што продолжува трендот на подобрување на епидемиолошката состојба кое трае речиси две недели, а денеска во земјата се отворени скијачките центри.

Со 5.485 тестови откриени се 1.737 заразени, 37,1 отсто од тестовите биле позитивни. Ден претходно имало 2.125 заболени односно 34,1 отсто позитивни тестови. Значителен пад на новозаразените се бележи и на неделно ниво и е далеку од состојбата пред еден месец, кога на 3 ноември имаше 4.518 новозаразени, што е највисока бројка досега во четвртиот бран на епидемијата.

Бројот на активни инфекции се уште опаѓа и изнесува 31.796 случаи, а истиот тренд го покажува и двонеделната инциденца која моментално е 1508 (84 помалку од претходниот ден), додека седумдневнатиот просек на инфекции во еден ден падна за 88 и за прв пат падна под 2.000, моментално изнесува 1906.

Хоспитализациите стагнираат

Хоспитализациите стагнираат, со вкупно 1.059 пациенти во болниците денес, од кои 270 на одделенијата за интензивна нега, додека 17 пациенти починале, со што бројот на починати се искачи на 5.272 од почетокот на епидемијата.

Поповолната епидемиолошка состојба ќе ги подобри резултатите на словенечкиот туризам во зимската сезона, во однос на минатогодишните катастрофални резултати кога претежно беа затворени скијачките центри.

Повеќето од нив имаат доволно снег и денеска се отворени, со пропишаната епидемиолошка рамка за која се надеваат дека ќе трае до крајот на сезоната. Скијачите мора да бидат вакцинирани, со потврда дека прележале Ковид или дека биле негативно тестирани, а маски треба да се носат во кабините на жичарницата.

притисни ентер