Регистрирани се 396 нови случаи на Ковид 19 , починале 15 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38165, активни 9928

• Куманово 4951, активни 470

• Дебар 695, активни 139

• Штип 3417, активни 204

• Прилеп 4430, активни 325

• Тетово 4925, активни 702

• Струга 2115, активни 185

• Велес 2908, активни 380

• Битола 3152, активни 371

• Охрид 2614, активни 425

• Кавадарци 2350, активни 465

• Гостивар 3504, активни 439

• Гевгелија 1234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2443, активни 453

• Крива Паланка 697, активни 99

• Радовиш 665, активни 76

• Крушево 184, активни 31

• Кочани 1673, активни 153

• Пробиштип 471, активни 36

• Демир Хисар 239, активни 29

• Македонски Брод 234, активни 15

• Пехчево 173, активни 25

• Берово 554, активни 65

• Валандово 323, активни 32

• Виница 472, активни 62

• Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 206, активни 14

• Свети Николе 1060, активни 71

• Кичево 1641, активни 191

• Ресен 688, активни 125

• Неготино 1095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2192 теста се преку: ИЈЗ-538, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-226, Биотек-180, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -191, лабораторија Лаор –75, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-30, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -554, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид -19.

Пратеник од БиХ слушал турбо фолк за време на онлајн седница: Намали ја армониката (ВИДЕО)

Поради пандемијата, седниците на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина се одржуваат преку Интернет. За време на денешната сесија се случила невообичаена ситуација.

Имено, за време на гласањето за Предлог законот за „Швајцарец“, пратеникот Ифран Дуриќ гласно слушал музиката во позадина, односно песна од Халид Бешлиќ „Кога срцето бие од мерак”.

„Го молам Дуриќ да ја исклучи хармониката“, му рекол претседателот Мирсад Заимовиќ, што ги насмеало другите пратеници.

Инаку, ова не е прв пат политичарите во БиХ да не се однесуваат соодветно за време на онлајн сесиите. Така минатата година, пратеникот на СДА, Суад Какњо, заспа за време на седница.

Салма Хајек во бикини на 55 години доби половина милион лајкови за еден час (ФОТО)

Актерката Салма Хајек објави на Инстаграм две фотографии на кои позира во бикини, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е длабоко во педесеттите години.

На првата фотографија актерката позира во плитко миејќи си го лицето, а на втората медитира на песок.

„Треба да го зачуваме мирот“, напишала таа во описот.

Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја опсипаа со комплименти.

„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите.

Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.

Бербер бесплатно средил бездомник, никој не го препознава (ВИДЕО)

Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.

Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.

Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.

Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.

притисни ентер