Регистрирани се 234 нови случаи на Ковид 19, починале 25 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19 

Во Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти од:

Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46г,60г,64г,65г,67г, 67г, 70г,71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Направени се 2.907 тестови преку: ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–76, МАНУ-85, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-282, Биотек-885, Систина-193, лабораторија Лаор-160, Синлаб-27, Ремедика-55, Плодност–59, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 468.

Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 67806, активни 5169

Куманово 8678, активни 900

Прилеп 8227, активни 447

Тетово 7163, активни 445

Битола 6211, активни 726

Велес 5439, активни 387

Гостивар 5144, активни 289

Кавадарци 5133, активни 225

Охрид 4954, активни 444

Штип 4930, активни 251

Струмица 4068, активни 241

Струга 2956, активни 148

Кочани 2754, активни 161

Кичево 2504, активни 239

Гевгелија 2183, активни 166

Неготино 2170, активни 134

Свети Николе 1509, активни 102

Ресен 1219, активни 175

Крива Паланка 1214, активни 46

Радовиш 1106, активни 84

Берово 1021, активни 23

Делчево 959, активни 70

Дебар 935, активни 25

Виница 847, активни 116

Пробиштип 778, активни 21

Валандово 663, активни 19

Богданци 494, активни 45

Крушево 489, активни 73

Демир Капија 396, активни 15

Демир Хисар 394, активни 60

Кратово 360, активни 9

Македонски Брод 356, активни 7

Пехчево 265, активни 15

Македонска Каменица 237, активни 15

Дојран 132, активни 4

Израел му возврати на Иран – одмазда или најава за нова војна?

Неполна недела по иранскиот напад со дронови и ракети, Израел го возврати ударот.

Експлозии утринава одекнале во Исфахан и Табриз, градови кои се дом на неколку воени и нуклеарни бази на иранската армија. Израелските власти за сега ниту потврдуваат,ниту демантираат дека стојат зад нападот, но американските медиуми пренесуваат дека официјален Вашингтон добил претходно предупредување за можен израелски напад. Техеран пак тврди дека нападот бил минимален и не предизвикал никаква штета. Дел од безбедносните експерти во ова гледаат начин на двете страни да ја де ескалираат ситуацијата.

-Двете страни тука, се обидуваат да си го обелат образот. Можете да видите дека израелците се обидуваат да си го обелат образот со тоа што ќе направат нешто, но не премногу за да ги вознемири сојузниците претерано. А иранците, се доста внимателни да не го преувеличат ова во моментот, и да покажат дека како што ќе реагираат, може да реагираат на начин кој нема да го погоди Израел директно. - Мајкл Кларк – безбедносен експерт

Иранските медиуми пак, дополнително ја минимизираат ситуацијата и обемот на нападот, прикажувајќи мирни сцени од Исфахан.

-Го гледате Исфахан кој е во целосен мир, луѓето си живеат нормално. Мислам дека два или три часа по полноќ се слушаа звуци на небото над Исфахан. Врз основа на информациите кои ги имаме, неколку мали дронови летале над небото, и врз нив било пукано, вели еден ирански новинар.

Иранската армија тврди дека нападот бил извршен со дронови, а звуците над Исфахан биле од воздушната одбрана која ги уништила сите летала. Воените бази според нив, немале никаква штета во нападот.

-Во Зардањан областа на Исфахан, постројката за нуклеарна енергија помеѓу 4.30 до 5.30 часот наутро се слушаше пукање, но тоа не беше ништо, само звукот на воздушната одбрана. Војниците кои ги гледате тука се сигурни и безбедни, барем во оваа област каде што сме. Ништо не беше погодено или уништено било каде. - Иранска републиканска гарда

-Иранците тврдат дека пресретнале неколку дронови и никој од нив не се пробил, тоа е малку веројатно, бидејќи Исфахан е илјада милји од Израел и никој при здрав разум не би испратил дронови илјада милји.- Мајкл Кларк – безбедносен експерт

Тензиите меѓу Израел и Иран се зголемија по експлозијата во иранскиот конзулат во Дамаск во која неколку ирански државјани го загубија животот, а Техеран прстот за тоа го впери кон израелските власти. Токму тоа беше и причината минатата недела Иран со над 300 беспилотни летала и проектили да го нападне Израел, чин за кој израелските власти најавија дека ќе се одмаздат.

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи

Првичните најави се сменија, изгубените часови поради претстојните избори и самитот на ОБСЕ сепак ќе мора да се одработат. 

Основците во мај и јуни, три саботи ќе одат на училиште за да ги исполнат законски утврдените 180 работни денови, велат од МОН, бидејќи во спротивно би се прекршил законот за образование.

18 мај, 1 јуни и 15 јуни, односно секоја втора сабота тој период, основците ќе треба да го одработат загубеното, одлука која предизвика несогласување од страна на СОНК. Тие веќе испратиле и реакција за промена на истата до министерството вели првиот човек на синдикатот Неделков. Тој не гледа ништо спорно во тоа министерот крајот на учебната година да го верифицира со 3 работни дена помалку, наместо да се дискриминираат наставниците... Згора на тоа, вели искуствата покажале дека продуктивноста на учениците би била минимална.

-Под МОН се и средно и високо образование, тие не работат, само основно образование, колегите вработени во основното образование навистина се чувстуваат и дискриминирани од 700.000 работници во државата, само овие 20тина илјади ќе работат. Одејќи во сабота нема да има никаков квалитет, ниту квантитет, ниту учениците ќе дојдат во бројот кој го поседува образованието, апсолутно тоа искуството го кажува и сметаме дека е не продуктивно да се работи во сабота.

Учениците од училиштата каде ќе се спроведува гласање, еден ден пред изборите на 24 април и 8 мај ќе имаат скратени часови кои ќе траат најдоцна до 11 часот. Од сојузот на средношколци кои не се опфатени со законот за работни денови, исто така сметаат дека саботите се бесполезни, а во нивниот случај, веруваат дека професорите имаат начин да се надокнади наставата..

-Саботите не треба да се работат, не се ефективни, сме виделе доста пати дека не се ефективни и дека не се држи настава како што треба да се држи во работните денови кога ја имаме. Среќни сме што средношколците нема да ги работат саботите, но една работа е дека професорите ќе треба да ја стегнат програмата и да ја поврзат повеќе за да можеме и ние да ги имаме ефективни деновите и часовите.- Берин Мухамед – Сојуз на средношколци

Инаку 24 и 8 мај се прогласени за неработни за сите работници на територјата на Македонија. Владата во Информацијата која ја усвои им препорача на приватните работодавци да ги почитуваат заклучоците, за секој граѓанин да може да си го оствари демократското право на глас во избирачката единица во која е регистриран.

Видео: Слоница избега од циркус и се прошета низ град во САД

Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана,САД, при што ја пробила оградата и 10 минути се движела низ улиците на градот.

На видеоснимките од безбедносните камери и од очевидци, се гледа како слоницата Виола со доста голема брзина се движи по градот, додека циркускиот тренер оди и трча по неа и се обидува да ја смири и скроти. Дополнителен проблем бил звуците од возилата во близина што го исплашиле големото животно.

Откако малку се смирила, Виола продолжила кон блискиот тревник, каде што нејзините сопственици ја пресретнале со приколка каде што имало уште еден, помал слон - за да ја намамат. Виола потоа мирно влегла во приколката.

Истата вечер, според планираното, слоницата имала точка во циркусот.

Групите за заштита на животните, по повод овие настани, ги критикуваа сопствениците на слоницата, тврдејќи дека „очигледно принудено да настапува во циркусот“, животното сакало да избега од натамошно тормозење. /МИА

притисни ентер