Регистрирани се 1.163 нови случаи на Ковид 19 , починале 35 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 .

Во Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по - 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш - по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница - 10, Крива Паланка и Берово - по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од:

Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Направени се 3.927 тестови преку: ИЈЗ-642, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-117, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Авицена-288, Биотек-237, Систина-311, лабораторија Лаор-271, Синлаб - 68, Ремедика-45, Плодност – 93, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.318.

Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 62030, активни 10830

Прилеп 7461, активни 1063

Куманово 7441, активни 1202

Тетово 6607, активни 689

Битола 5130, активни 1246

Велес 4854, активни 798

Гостивар 4779, активни 527

Кавадарци 4723, активни 721

Штип 4490, активни 496

Охрид 4434, активни 853

Струмица 3511, активни 478

Струга 2777, активни 286

Кочани 2411, активни 283

Кичево 2180, активни 295

Неготино 2026, активни 349

Гевгелија 1989, активни 413

Свети Николе 1347, активни 137

Крива Паланка 1126, активни 104

Ресен 1104, активни 228

Радовиш 982, активни 148

Берово 929, активни 138

Дебар 880, активни 55

Делчево 879, активни 105

Пробиштип 725, активни 81

Виница 670, активни 100

Валандово 578, активни 105

Крушево 446, активни 123

Богданци 432, активни 71

Демир Капија 378, активни 63

Кратово 340, активни 26

Демир Хисар 339, активни 47

Македонски Брод 323, активни 48

Пехчево 239, активни 26

Македонска Каменица 212, активни 14

Дојран 119, активни 16

Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози на вакцината АстраЗенека

Стотици дози на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави денеска доктор за телевизијата СВТ.

Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече дека нема доволно волонтери за да се вакцинираат со AstraZeneca, затоа вакцината мора да се фрла доколку не се користи во рок од неколку часа.

Во Шведска, британско-шведската вакцина е ограничена на оние над 65 години, откако во светот се пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект на земање на вакцината.

СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните вакцинации кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина АстраЗенека.

Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласува дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.

Рекорден број патници на еден лет биле позитивни на коронавирус

Рекордни 47 патници од еден лет биле позитивни на коронавирус.

Летот 6395 од Делхи до Хонг Конг слетал на 4 април и во рок од две недели скоро 50 од патниците биле позитивни на вирусот.

Сите патници на летот, на индиската авиокомпанија Вистара, покажале негативен тест за Ковид-19 во рок од 72 часа - во согласност со барањата за патувања на Хонг Конг.Сепак, според „Индипендент“, тестот по пристигнувањето на патниците открил дека 25 се позитивни, а потоа имало дополнителни 22 случаи во следните 12 дена по пристигнувањето.

Рекордниот број доаѓа откако Индија забележа нагло зголемување на случаите од почетокот на месецот, додека земјата се справува со нов поинфективен сој на вирусот.Зборувајќи за Индипендент, д-р Шарад Авачар од Мумбаи рече: „Она со што се занимаваме тука е катастрофа.

По овој инцидент, од утре Хонг Конг целосно го прекинува авио сообраќајот со Индија.

Велика Британија сега ја додаде Индија на својата „црвена листа“ на земји, што значи дека патувањето во земјата е забрането.

Гутереш: Светот е на работ на климатска бездна

Минатата година беше една од трите најтопли во историјата на мерењата и беше обележана со пожари, поплави, суши и топење на глечерите, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Во 2020 година постоеше „двоен удар“ за милиони жители погодени од екстремните временски услови и ограничувачки мерки наметнати поради пандемијата на коронавирус, што ја одложуваше помошта за некои региони, предупреди Светската метеоролошка агенција на ООН (СМО).

Извештајот за состојбата на светот, објавен пред самитот за климатски промени предводен од САД на 22 и 23 април, ги потврдува овие заклучоци.

"Ние сме на работ на бездна. Гледаме рекордни количини на тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, суши, топли бранови и шумски пожари", рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Извештајот покажува дека глобалната температура во 2020 година била за 1,2 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот период, што ја рангира меѓу трите најтопли години, заедно со 2016 и 2019 година.

Портпаролката на СМО истакнала дека поради статистичка грешка, тешко е да се утврди кој од трите години била најтопла.

Меѓу индикаторите истакнати во извештајот се рекордно ниските нивоа на арктичкиот мраз во двата месеци минатата година и фактот дека околу 80 проценти од океаните во 2020 година имале барем еден топлотен бран.

САД имаа рекорден број пожари и бури, а само ураганот Лора, кој ја погоди Луизијана на 27 август, предизвика штета од 19 милијарди долари.

Долината на смртта во Калифорнија ја забележала највисоката температура во последните 80 години во август минатата година, 54,4 степени Целзиусови, се вели во извештајот.

Областа Furnace Creek, сместена во тој национален парк и под нивото на морето, претходно ја имала титулата, место со рекордна температура. Според Американскиот геолошки институт, во 1913 година биле запишани 56,7 степени, но некои научници се сомневаат во точноста на тоа мерење.

притисни ентер