Регистрирани 1964 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 7 починати лица

Направени се 7.724 тестови.

Регистрирани 1964 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по - 2, Демир Капија – 1.

Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Направени се 7.724 тестови преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-117, ЦЈЗ Битола-121, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-192, Авицена-409, Биотек-511, Систина-147, лабораторија Лаор-314, Синлаб-78, Ремедика-31, Плодност-146, Генеа-36, Никоб Лаб-755, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-136, Ројал Медика–46, Спектра-ММ-50, Рапид Лаб–47, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-51, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.642.

Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 105740, Активни 7278

Куманово 13440, Активни 311

Тетово 11557, Активни 135

Прилеп 11414, Активни 655

Битола 10343, Активни 1101

Гостивар 8210, Активни 128

Кавадарци 7757, Активни 345

Велес 7685, Активни 191

Охрид 7179, Активни 443

Штип 6937, Активни 188

Струмица 6483, Активни 212

Кичево 4435, Активни 115

Кочани 4211, Активни 107

Струга 4025, Активни 92

Гевгелија 3133, Активни 196

Неготино 2723, Активни 80

Свети Николе 2189, Активни 36

Крива Паланка 2022, Активни 65

Ресен 1985, Активни 108

Радовиш 1899, Активни 94

Делчево 1521, Активни 55

Берово 1499, Активни 19

Дебар 1469, Активни 11

Виница 1200, Активни 21

Пробиштип 1177, Активни 35

Валандово 1130, Активни 93

Кратово 806, Активни 17

Богданци 725, Активни 42

Демир Хисар 673, Активни 32

Крушево 674, Активни 70

Македонски Брод 568, Активни 25

Демир Капија 441, Активни 8

Македонска Каменица 435, Активни 7

Пехчево 370, Активни 11

Дојран 186, Активни 7

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер