Регистрирани 154 нови случаи на Ковид 19, пријавени се 12 починати лица

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19.

Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 1.967 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-105, Биотек-155, Систина-76, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-359, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-34, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.044.

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81122, Активни 5761

Куманово 11031, Активни 904

Тетово 10747, Активни 994

Прилеп 8909, Активни 275

Гостивар 7922, Активни 525

Битола 6941, Активни 245

Велес 6037, Активни 284

Охрид 5817, Активни 667

Кавадарци 5744, Активни 195

Струмица 5613, Активни 500

Штип 5562, Активни 238

Кичево 3877, Активни 433

Струга 3755, Активни 638

Кочани 3134, Активни 128

Гевгелија 2355, Активни 73

Неготино 2295, Активни 39

Свети Николе 1824, Активни 105

Ресен 1508, Активни 102

Радовиш 1477, Активни 110

Дебар 1442, Активни 133

Крива Паланка 1350, Активни 51

Берово 1193, Активни 39

Делчево 1108, Активни 65

Виница 1006, Активни 45

Пробиштип 895, Активни 43

Валандово 785, Активни 28

Богданци 543, Активни 19

Кратово 527, Активни 50

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 461, Активни 31

Демир Хисар 423, Активни 14

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 310, Активни 8

Македонска Каменица 292, Активни 21

Дојран 139, Активни 4

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Предупредувачки штрајк на образовните работници во Србија

Членовите на Синдикатот за образование на Србија денеска одржуваат предупредувачки штрајк и нема да ги одржат првите часови во прва и втора смена низ училиштата.

Штрајкувачите бараат од српската влада да почне да го применува законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари идната година, а доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.

„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а владата и министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени”, се наведува во соопштението.

Реакција на Владата по повод оставката на Ванчо Ѓорѓиев

„Владата и било која нејзина институција, ниту сега, ниту било кога, не влијаеле на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања.“

Владата во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала било какво политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија. Напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа.

Категорично отфрламе било каква инсинуација дека имало било какво влијание на одлуката на професорот Ванчо Ѓорѓиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или било која нејзина институција.

Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество.

Во случајот за професорот Ванчо Ѓорѓиев ја информираме јавноста дека само пред една недела професорот Ѓорѓиев го потпиша со слободна волја договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата.

Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Ѓорѓиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија.

Со ова соопштение укажуваме на овие непобитни факти, ја почитуваме неговата одлука и се заблагодаруваме за неговиот досегашен ангажман.

Воздухот во Скопје загаден над дозволеното - најтешко се дише во Карпош, Центар и Лисиче

Почетокот на грејната сезона повторно го извади на виделина долгогодишниот проблем со загадувањето на воздухот во Скопје. 

Индексот на загаденост на воздухот и утринава, како и неколку претходни денови, на повеќе места во главниот град засвети црвено а според податоците најзагадено било во Лисиче, Центар и Карпош а Скопје воедно се најде на 22-то место на листата на најзагадени градови во светот.

Екологистите велат дека за овој проблем треба да се преземаат мерки во текот на целата година, а не само во зимскиот период а како главни проблеми ги наведуваат грејните тела на голем дел од скопјани, доцнењето со проектот за гасификација како и нееколошките возила кои гравитираат во градот.

Секоја година истиот проблем во исто време и секоја година ние го грешиме терминот на подготовка, кога ќе стигнеме веќе до 15 октомври ние веќе би требало да имаме серија на мерки кои ќе бидат на сила. Сега било кое преземање на било која мерка ќе биде задоцнета... грејната сезона почнува и веќе превенцијата ќе биде многу потешка поради падот на температурите и поставеноста на Скопје како котлина,-Ели Пешева – О2 Иницијатива.

Пешева вели дека дополнителен проблем во градот е долгогодишниот недостаток на инспектори како и недоволните буџети кои надлежните ги добиваат во борбата против загадувањето.

Може тоа да се решава и со некаков тип на редари, на поинаков тип на контрола. Ние на неколкупати се нудевме и како граѓански инспекции составени со дел од граѓани кои би оделе со нив на терен или ќе укажуваат на точки. Целиот процес оди многу споро и просто да се чуди човек како некој да не сака да го реши проблемот бидејќи не е дека толку е нерешлив но цело време да бидеме во статус кво е тотално неприфатливо.-Ели Пешева – О2 Иницијатива.

Покрај Скопје, сериозни проблеми со справувањето со загадувањето има и Тетово, кој според индексот на загаденост за средината на 2021 е втор најзагаден град во светот со вредност 95,62, веднаш зад главниот град на Непал, Катманду.

притисни ентер