Регистрирани 1.837 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 24 починати лица

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица - по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Берово – 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 6.647 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-116, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-280, Биотек-327, Систина-106, лабораторија Лаор-272, Синлаб-55, Ремедика-17, Плодност-77, Генеа-28, Никоб Лаб-723, ВФВ Медикал-158, Ели Медика-75, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–35, Рамус-41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.

Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 121321, Активни 9614

Куманово 14770, Активни 836

Прилеп 12700, Активни 598

Битола 12699, Активни 1368

Тетово 12357, Активни 577

Кавадарци 8918, Активни 863

Гостивар 8756, Активни 376

Велес 8431, Активни 511

Охрид 7905, Активни 413

Штип 7496, Активни 347

Струмица 7183, Активни 440

Кичево 4923, Активни 299

Кочани 4613, Активни 232

Струга 4360, Активни 202

Гевгелија 3730, Активни 415

Неготино 3165, Активни 301

Свети Николе 2423, Активни 148

Ресен 2355, Активни 238

Радовиш 2248, Активни 210

Крива Паланка 2201, Активни 105

Делчево 1763, Активни 147

Берово 1644, Активни 57

Дебар 1499, Активни 20

Валандово 1359, Активни 147

Виница 1284, Активни 49

Пробиштип 1252, Активни 37

Кратово 878, Активни 29

Богданци 868, Активни 101

Крушево 819, Активни 44

Демир Хисар 762, Активни 52

Македонски Брод 635, Активни 35

Македонска Каменица 497, Активни 34

Демир Капија 489, Активни 30

Пехчево 424, Активни 22

Дојран 210, Активни 12

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ.

Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.

Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.

Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.

Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.

СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.

Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.

Заслужиле и многу повеќе.

Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.

Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.

Не чека уште многу работа, за подобра иднина на сите.

Затоа да останеме заедно и единствени. За да продолжиме да живееме достоинствено.

За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.

Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија, рече Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ.

.

притисни ентер